У саботата пак се деси истата ситуација со бурекот, сега прашувам дали ви е тазе бурекот со месо, добивам потврден одговор и зимам. Дома што ќе видам, тврдо камен само подгреано. И ако претходно не го објавив името сега ќе кажам дека се работи за Пекара 10 на Стара Рампа.
Бидејќи избегавам да се расправам за такви работи, планот за нареднава сабота ми е да купам бурек од Круна и на враќање да влезам во Пекара 10 да зеам едно лепче при што ќе плаќам со раката во која ја држам кесата со бурек.