Кораб Трница цел асортиман на овчи сирења и кашкавали го препорачувам.
За купечки, маркетски широкодостапни производи, прилично вкусни и квалитетни се.
Верувам дека и биеното сирење е добро, иако го немам пробано.
Вардарец овчо е најдобаро на пазарот. Редовно купувам и го има истиот квалитет.
Кораб Трница не ми се допадна кашкавалот што сите го фалат и го има во Стокомак.
Ако велиш дека Вардарец е воопшто добро сирење, јас би рекол дека не си јадел вистинско овчо сирење.
Од комерцијалните сирења не е воопшто најдобро.
Подобро е овчото на Милком.
Ако збориме за овчо сирење, кое не скиселува кога ќе го отвориш и нема гадно чуден вкус на не знам што, тогаш тоа се оние домашни сирења правени од чисто млеко. Едно сум јадел од Радобил, убаво но после неколку години типот не украде по некое кило по канта.
Иако поскапо, почнав да купувам од мој комшија од с. Пепелиште, и тоа беше фантастично сирење. За жал почина човекот и неговите ги продадоа овците.
Сега само што го дојадов тоа сирење, во потрага сум по друго. Добив препорака за некое друго домаќинство од Радобил, ќе земам изгледа.
Малешевско мешано - катастрофа.
Кораб трница овчо - така така.
Вардарец овчо - катастрофа.
Тие засега ги пробав одкога снемав домашно.