Илјада колбаси и плескавици за гладните сограѓани
На вториот по ред интернационален фестивал за храна и пијалак „Гурман фест“, кој трае до недела, 20 мај, ќе се одржи хуманитарна акција со која ќе се постави своевиден рекорд во печење 1.000 плескавици и исто толку колбаси.
За тоа ќе се погрижи екипата на ресторанот „Дивино“, која ќе му донира храна на Црвениот крст на Македонија, која, пак, ќе биде наменета за социјалните случаи. Претставници од ресторанот посочија дека се одлучиле за ваква хумана мисија за да потсетат дека меѓу нас живеат гладни и сиромашни луѓе. Иако со ваквиот гест нема да ги решат нивните проблеми, изразија надеж дека барем за миг ќе им овозможат да уживаат во вкусот на добрата храна, во деновите кога таа ќе биде заштитен знак на метрополата.

Гурманскиот настан се одржува на плоштадот Македонија и ќе биде презентирана храна од италијанска, арапска, шпанска и од индиска кујна.Третото издание на фестивалот „Гурман“, посветен на добрата храна и пијалаци, ќе почне утре на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела.
Покрај традиционалната македонска кујна, годинава „Гурман“ ќе опфати и специјалитети од арапската, индиската, италијанската и од шпанската кујна. Ќе има презентации на вино и чоколада, часови по готвење на традиционални македонски јадења со Адријана Алачки, дегустација на различни сосови за тестенини, вегетаријанска гозба, дел посветен на познатиот домашен бурек, како и презентација за винскиот туризам во Македонија.
Освен едукативни содржини
и натпревар во брзо јадење хот-дог, предвидени се и разни музички настапи на бендови, но и забава со диџеите Чваре, Славе, Базел, Фладер, Вишко и Зоки Бејбе