Заборавив да напишам, за пржење, готвење, во Македонија е достапно на супер поволна цена ладно цедено сончогледово масло и тоа произведено во Македонија. И е штета да се користи обичен рафиниран зејтин, кога првото е многу достапно и само малку поскапо. Во почетокот треба човек малку да се навикне, оти ладно цеденото секако, има вкус на сончоглед, и понекогаш знае да горчи малку. Но кога е пресно не горчи. И човек се навикнува.
Безбедно е да се готви со ладноцедено сончогледово масло?
Од незнаење прашувам, сподели ако си запознаен. За ладно цедено маслиново масло чинам имаше лимит до колку степени Целзиусови е безбедно да се загрее, потоа станува штетно за консумација.