Најголем проблем е тоа што при производство на кремовите се користат ХИДРОГЕНИЗИРАНИ масти (транс масти, маргарин, се е тоа едно исто). За жал на многу малку од кремовите пишува дека се ХИДРОГЕНИЗИРАНИ, а само растителни масти, или палмина маст. Хидрогенизираните масти (реално јадеш пластика), се можеби број еден причина за срцеви и заболувања на крвните садови, а од друга страна истите се број еден причина за хронична смрт во светот.
Целата работа започнува пред околу 100 години, кога целата индустрија со помош на медицинската мафија, започнуват една јака кампања, да тврдат дека путерот и животинските масти се штетни за вашето здравје, еве ние измисливме нешто ново, што е здраво - пластика за јадење (маргарин, хидрогенизирани масти).
Кој следи, знае дека во последните 10 години, плочата се обраќа, и овие сега тврдат, извините, грешка било, путерот и животинските масти се ок, но хидрогенизираните масти, се најштетното нешто. Опс, згрешивме.
Но тоа така не оди лесно, затоа што ако одиш во супермаркет, 50% од производите содржат хидрогенизирани масти (обични зборот хидрогенизирани се пропушта намерно). А можеби 100% од производите што се како колачи, бисквити, разни благи, разни солени, содржат хидрогенизирани масти. Бидејќи тоа е пластика, не се расипува, и може на полиците да стои со години и ништо да не му е.