Во (малку подалечна) околина на Маврово од неодамна функционираат две нови места каде човек може да се најаде со квалитетна храна и убава атмосфера. Пред 2 недели посетено едното, денес посетено другото.
1. „Куќата на мијаците“, веднаш под манастирот Св. Јован Бигорски
- внатре стоплено ко во старите земјени куќи, солидни 24-25 степени, лајк за тоа. Услуга
феноменална. Културен, услужлив, ажурен персонал, браво за луѓето кои ги обучувале. Скапичко троа, ама таму се оди за искуството. Јадевме салати и помфрити бидејќи тргнавме на шетање и јадени од дома, но се беше свежо и мирисаше убаво од околните маси кои нарачуваа главни јадења.
Кој пие турско кафе, да си нарача, интересно го служат.

2. Ресторан „Конак Трница“ - постарите ќе ја знаат локацијата, најпозната по феноменалниот качамак. За тие што не ја знаат, се наоѓа на 7-8 километри од Маврови Анови во правец кон Св. Јован Бигорски.
- Качамакот е се уште феноменален, топла препорака! Пријатно, топло внатре, објектот не е реновиран но има нов инвентар. Цените се нормални за локацијата, поефтино е од претходниот ресторан, но тотално ќе ги оправдате откако ќе ја пробате храната.
Препорачувам да се проба и јагнешкото, навистина прекрасно зготвено, не мирисаше на штала како што знае да мириса месо. Јадевме фурнаринки со маслинки, пинџур, некоја салата, имаат одлично наливно вино, се беше одлично.
Се надевам дека ресторанов ќе продолжи со работа, пола детство сум го поминал таму и ми разбуди убави спомени
