Туку на тетрапак млеката и соковите (од битолска млекара, од други не ми текнало да видам) одоздола има вдлабната бројка. Таа означувала колку пати сокот или млекото е вратено во фабрика на репастеризација или како и да се вика тој процес на поново "освежување"
Само што спуштив телефон со вработен во ИМБ, и нормално има логично објаснување кое ни од блиску не е како твоето смешно тврдење.
Објаснето ми е дека тетрапаците - сокови, свежо и пастеризирано млеко се полнат од иста машина со 4 дозерки - 1,2,3,4 (тетрапак со втиснат 5 или поголем број од ИМБ не постои) и втиснатиот број на дното на картонот означува од која дозерка е полнет тетрапакот кој го имаш поради:
1. Следење на работата на дозерот
2. Отклонување на некаков евентуален квар
3. Други работи кои не ги ни запамтив дека беа премногу
Истотака прашав дали е возможно расипано млеко/сок повторно да се врати и пак да се полни. Не е можно бидејќи машината за полнење е стерилизирана и таква заврзлама ќе ја сјебе тотално машината.
Ако некогаш би се вратела пратка млеко истата би била користена за урда.
Другпат мислете пред да откинете некој бисер.
Зад погореопишаното стојам 100%.