Искрено, Гостивар го сакам само кога треба да се јаде нешто од пицерија/бурекџилница/пекара. За се друго градот е ужас, ама какво јадење прават особено турците кои со генерации имале таков бизнис во градот, тоа е чудо.
Совршен пример е малата тезгичка во Рамстор food court со натпис "Rekord". Препорачувам било кој да поминува од таму, да проба една баклавичка од тезгата, 20 денари е, ништо не ви мењаат. Ако не е во топ 3 најдобри баклави во државава, да ме плукате кај ќе стигнете.