Во „Рагуза“ го смениле готвачот и сега храната им е фан-та-зи-ја. Знам, пошто ми е у комшии и таму идеме да јадеме кога не мрзи да готвиме. Порано менито беше така-така, зависи што ќе нарачаш, ама сега - сега е фантазија.
После неколку одења и шарање низ менито, можам слободно да ви ветам дека хранта е феноменална. Од икебани, пици, пржени вегетаријански глупости, морска храна, па се до „православни“ ребра, плескавици и вешалици - све е екстра. ПОСЕБНА пофалба за пиците и пилешкото. Такви пилешки прсти или ражничи ретко се среќаваат. А пиците... лиги ми течат од што ги мислам дур го пишувам ова.
Цените се мааалку солени (малку, не многу), ама вреди.
„Рагуза“ е во зградата на раб. унив. во центар.