Ако може да продискутираме за едно прашање што мене ме засега, значи сакам да зеам некое количе ама прво ги ставам на лист моите потреби и побарувања како студент, значи
1.мала потрошувачка
2.мала или копакт класа за полесно паркирање
3.остаточна вредност ( и не толку многу важно)
4.да немам работа со мајстори првите години барем
ќе дополнам ако ми текне нешто,
вчера бев во VW и гледав нешто дали Голф 1,2 тси или поло со ист мотор ама малку ми се нереални цените, 1,2 тси голф го даваат за 14500, полото е бетер а внатре пластикарија мала разлика, а дизелските мотори се изгор 14 и кусур е полото. Мислам хелоу,незнам можеби грешам ама се прецениле.
Добра понуда има од Рено за берлината со 1,5 дци 13500 ама не ми се свиѓа многу на изглед, а дома не можам да се договорам за кола со две врати за купето :S:S
Во опел не ни појдов пошто дома имаме Инсигниа и порано имавме астри и досадни ми се некако веќе, и покрај тоа што астрата нова ми е најубава од сите ама внатре иста ко инсигниата, а таква веќе имаме дома.
Друга идеја ми беше нешто на старо гледав нешто вакво
http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11315458294199752&f1=detailsама пак не можам да се одлучам да дадам 8-9К за старо возило.