Автор Тема: Цени за работна рака на мал (или како и да се вика) сервис?  (Прочитано 6795 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Здраво друштво.

Ме интересира искуства и цени кои сте ги плаќале за мал сервис кај неовластени сервисери.
Претпоставувам дека се вика мал сервис, станува збор за замена на ребрест и филтри за воздух/нафта/полен и некој затегач доколку е потребно да се менува. Масло + филтер за масло веќе имам сменето.

Значи, денес прашував во еден сервис и ми кажаа некоја сума од 50еур работна рака.  :-X Некако ми се виде премногу, јас очекував не повеќе од 500-700 мкд. Сервисерот беше со аргумент дека во Стилото премногу е збутано, па ќе имало цел ден работа која ќе ме кошта 50еур + да си си ги набавам деловите што сакам да се сменат. Значи да повторам, таа сума е само за работна рака.

Инаку станува збор за сервис во Штип. Утре ќе прашам и во други серивиси, денес немав баш време, па ме интересира ваше мислење за конкретната сума?

Ви благодарам на времето.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
По Скопје јас колку што знам за таков сервис како што бараш ти, цените се движат во граница од 2500 до 3000 денари.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
За моите возила, Спарк, Пежо 205 и 206, Опел Кадет сервисите ме чинеле 300 денари за промена на масло и филтри комплет, ма да секогаш сум одел кај познати луѓе сервисери, мислам познати луѓе пријатели. Промена на ребраст за Пежо 206 и Спарк ме чинеа по 2000 денари само работната рака, заедно со штелување на вентили. Промена на гуртни и плочки исто така 300 денари. Промена на летва за волан на Пежо 206 исто така 2000 денари.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Промена на ребраст кај мене е од 20е па до 100е зависи од возилото другар,за 500ден никој не прља раце да знаеш

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Другар дојди во Кочани Оризари на околу пола од таа сума ќе ти биде средена колата, ќе дојдеш ќе ја оставиш сабајле ќе тераш работа гости по Кочани докај 2-3часот и ќе си ја земеш, делови може од тебе може и ние да земеме добри делови, се работи  за ЈТД мотор нели?
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ребраст каиш, ниеден мајстор, барем во скопје, па и на пријателска база нема да ти го смени под 1500 денари т.е. 25 евра...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
За рабрасти каиш и до 50евра наплајќат мајсторите односно не се плајќа работата туку ризикот во случај да се поеби нешто.

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Абе ребраст каиш не е мал сервис. Се мења еднаш на 100к км
во мал сервис спаѓаат работи што се менуваат еднаш годишно или на две години (филтри, уље, глицерин, антифриз, свеќици)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Така е,ребраст кајш и попратни делови е големиот сервис.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Ме нападнавте :D Не ми беше поентата да потценам нечија работна рака. Не се разбирам од механика и, се' си мислев дека промена на било каков каиш и филтри е лесен и едноставен зафат, кој се завршува за не повеќе од 1ч, па 50 еур работна рака ми се виде многу.  Темава ја отворив чисто информативно. Иако не се разбирам од механика, знам дека по купување на половно возило, добро е да се смени ребрест каиш, масло и сите филтри. Исто знам и дека ребрест се менува на +80к км, но не сум сигурен колку е возена колата.

По кратка консултација со неколку сервисери (и од вашите одговори овде), сфатив како иде работата, исто и еден од нив ми понуди цена од 1.500 мкд. Купен е каишот и филтрите, се чека вторник. @skorpion - ти благодарам на понудата, да беше поблизу, ќе се договоревме.

Имам едно прашање. Дали визуелно може да се одреди од прилика колку има извртено каишот? Мајсторот што ми го менуваше маслото ми рече дека ребрестиот ми бил скоро нов..

И уште едно прашање, надвор од темава. Дали постои (компјутерски) начин да се провери дали е корегирана километражата на колата и, која е точната километража? Бев сигурен дека не може компјутерски, но повеќе луѓе ме убедуваа дека можело, па да си прашам. :D

Ви благодарам на времето.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
никој не те нападна де... сите ти кажаа свое мислење... еве кај мене се има десено да утнат ребраст каиш на местење, прво верглање и ја здроби машината внтре...  нормално си ја оправи на свој трошок плус уште еден ребраст пошто го скина тој и ни денар не платив...

тоа е тој ризик што го наплаќаат мајсторите при промена на ребраст...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Јасно. Сега имам уште едно (нубско) прашање. Дали опасноста од дробење на машината е само при првото палење/верглање?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Јесте, штом запали и убаво работи значи дека си ја завршил работата коректно.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Затоа пред да се извади ребраст убаво се намести се на белези или се бележи па се вади, и обавезно после местење еден круг рачно вртење на тркалото убацено во 5та и проверување белези ;)

Ребрастиот се мења на километри овие заменскиве најдобро е максимум до 60-70 илјади да се смени, вака од надвор неможеш да го приметиш, може само да се прелажеш за состојбата, најдобро се гледа кога е изваден да се види одкај забите.

Да секако дека може да си провериш колку има заминато, но што има да се замараш :) колку се толку гледај да те служи :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Јасно. Сега имам уште едно (нубско) прашање. Дали опасноста од дробење на машината е само при првото палење/верглање?

дробењето да... ама ако се утне за 1 заб да речеме, нема да здроби одма туку после неколку илјади километри кога ке почне дилетацијата на самиот каиш, можно е да се деси да подвитка вентил некој... арно ама, ако ти е за 1 заб изместено палењето тогаш може да дојде до следниве 2 можности:

-не влече колата ич,
-влече убаво, ама прегрева

и во двата случаи, ке качи драстично потрошувачка а можно е и да има трокирање, како и чад на ауспух (без оглед дали е дизел или бензин)...

значи, невозможно е да не приметиш дека нешто не е во ред со моторот, после сервисот... треба да си комплетен (возачки) идиот и да не приметиш... и на крај се сведува на она погоре што ти го пишаа:

штом запали и убаво работи значи дека си ја завршил работата коректно.

тоа е тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време