Едно ми е мило кај италијанските возила, цената им паѓа како цигла од втори спрат, па ОДЛИЧНО возило како твоево се начекува за уште подобра цена. Ме интересира како се снаоѓаш со навигацијата, дали има мапи, и ако нема, дали планираш да ги надоградиш?
Се друго е совршено, почнувајќи од моторот, до бојата, ентериерот и завршувајќи кај значката на хауба. Ланчиа носи срце под хауба, и си направил добар потег кога си решил да не ги слушаш маалските муабети и муабетите на оние мајстори што до вчера вареле полумесеци на Застава 128. Поздрав!