Автор Тема: Авијација  (Прочитано 166155 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Авијација
« Одговори #690 на: 24 Јули 2016, 10:24:33 am »
Инчрестинг!

Фала момци.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Авијација
« Одговори #691 на: 26 Јули 2016, 00:43:26 am »

Еве и моето има винглети :)


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Авијација
« Одговори #692 на: 26 Август 2016, 10:41:53 am »
Го намалуваат индуктивниот отпор на крилото и го зголемуват ефективниот распон на крилото :).

Пазарски, воздухот кон крајот на крилото има тенденцја од долната страна да помине на горната. Со тоа де создава поголем отпор и го намалува ефективниот распон.

Винглетите не дозволуваат тоа да се случи и тој вртлок го исфрлаат од надворешната страна на крилото. Сигурно си го забележал овој ефект на некои видеа каде јасно се гледа вртлок на крајот на крилото

Само би додал дека покрај тоа што го намалуваат индуктивниот отпор во некои сценарија , исто така го зголемуваат паразитскиот отпор.

Па така, користа од нив е ствар на пазар: ако некој авион почесто лета на кратки дистанци (т.е. поголем дел од вкупното време минува во погуста атмосфера и помали брзини), ставањето винглети секако е препорачано.

Но, од друга страна, доколку некој авион претежно лета на долги дистанци (т.е. поголем дел од вкупното време минува во ретка атмосфера и поголеми брзини), тогаш зголемувањето на паразитскиот отпор го надтежнува намалувањето на индуцираниот отпор.

Затоа, некои авиокомпании на некои авоини ставаат афтермаркет винглети, а на некои не. Од слични причини, воените авиони (кои треба брзо да се „раќетираат“ во стратосферата) немаат винглети.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Авијација
« Одговори #693 на: 26 Август 2016, 10:45:24 am »
и прашање едно... прскањево на крај...? дезинфекција? или...?

Не, тоа е почесен „воден поздрав“ ("water salute"), обично кога некој авион прв пат ќе слета на некој аеродром или пред последен пат ќе полета од некој аеродром. Мислам дека и по други поводи се прави. Во секој случај, церемонија која нема практична функција.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Авијација
« Одговори #694 на: 06 Септември 2016, 20:43:12 pm »
и прашање едно... прскањево на крај...? дезинфекција? или...?

Не, тоа е почесен „воден поздрав“ ("water salute"), обично кога некој авион прв пат ќе слета на некој аеродром или пред последен пат ќе полета од некој аеродром. Мислам дека и по други поводи се прави. Во секој случај, церемонија која нема практична функција.

И во пензија кога одат...

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Авијација
« Одговори #695 на: 07 Септември 2016, 10:14:10 am »
Ајде со господ напред да запрскаат по некој наш. Да имаме и ние авио превозник повторно :D










Еве и моето има винглети :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Колку време е потребно да се научи да се лета со вакво, да се земе лиценца, колку часови има? :)
« Последно менување: 07 Септември 2016, 10:35:09 am Allexxander »

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Авијација
« Одговори #696 на: 08 Септември 2016, 20:45:29 pm »
Колку време е потребно да се научи да се лета со вакво, да се земе лиценца, колку часови има? :)
За овој тип на авион (ултралајт) ти треба пилотска дозвола ULa која што можеш да ја земеш со минимум 25 часови лет и теорија (незнам точно колку беше по програма). Колку време ќе треба за тоа зависи од кандидатот. Колку побрзо толку подобро. Препорачувам барем три дена во неделата да се лета по 30 мин. Инаку кој како може. Исто така лично сметам дека се премалку 25 часови, меѓутоа правилникот така вика па ако си добар може и ќе ти бидат доволни (за дозвола).
Обуки не правам со авонот од сликата погоре, тој ми е само за лична употреба. Во прилог ставам по некоја слика од авионот што е за обуки.
Ваљда ве интересира и цена... 3000 евра е целиот курс, 25 часови лет и теорија (+скрипти и материјали)
Ако некој го интересира нешто поконкретно да ја види програмата и упатствата окулу обуката нека ме контактира. За евентуални заинтересирани, сега формирам некоја група па можат да се пријават :)
За заинтересирани за други работи окулу и со авијација исто така може да ме контактираат :)

 





Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Авијација
« Одговори #697 на: 12 Септември 2016, 17:16:22 pm »
@miksi, Pipistrel-от Z3-UA-011 е од кај вас? Или од хангарот од спротива? :) Го фатив на радар кај мене, ама изгледа нема ADS-B.



Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Авијација
« Одговори #698 на: 12 Септември 2016, 18:49:55 pm »
Дали овој дел од автопатот служи како резервна писта за недај боже или такви работи?

Одозгора јасно се гледа пат од пистата до автопатот,а и автопатот е поделен само со бариера која лесно се вади,а и имам заприметено дека тој дел асфалтот е во поквалитетна состојба

https://www.google.mk/maps/@41.9462191,21.6088799,3a,90y,300.6h,73.52t/data=!3m6!1e1!3m4!1sygDoa6tJQ3PXkrctoOuHdA!2e0!7i13312!8i6656?hl=mk

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Авијација
« Одговори #699 на: 12 Септември 2016, 19:18:22 pm »
Ako e toj kaj naplatnata petrovec, ondak da, pomoshna pista e
No turbo, no fun :)

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Авијација
« Одговори #700 на: 12 Септември 2016, 19:26:11 pm »
Да да после наплатната

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #701 на: 12 Септември 2016, 21:58:54 pm »
Таа бариера се вади за саат време така да мислам дека се само прикаски.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Авијација
« Одговори #702 на: 12 Септември 2016, 23:35:27 pm »
За овој дел од патот не сум сигурен но по мене голема е можноста да служи како резервна писта. Инаку во МК има нешто помалку од 50 "писти" за слетување на авиони (тоа е последната бројка што ја знам), т.е делови на земјиштето што можат да послужат како писти во разни ситуации, пред се воена состојба или елементарна непогода од поголем размер.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Авијација
« Одговори #703 на: 13 Септември 2016, 17:14:58 pm »
Денес зборував со човек кој работи управување со кризи.И тој ми потврди дека е резервна писта направена уште од Југославија

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Авијација
« Одговори #704 на: 14 Септември 2016, 11:34:04 am »