Автор Тема: Авијација  (Прочитано 166045 пати)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #405 на: 30 Март 2015, 22:37:51 pm »
И на крај да заклучиме. Не е многу битно колкаво било спуштањето. Битно е дека авионот не паѓал туку летал се до ударот.
Друга работа... гледам има доста заинтересирани за воздухопловство. Ако сака некој да летне малку или па да научи да лета... ПП

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #406 на: 30 Март 2015, 22:45:31 pm »

Абе јас би рекол дека најбитно е зошто паднал авионот, ама гледајќи спред искуствата од MH17 и MH370 изгледа никогаш нема да дознаеме. (иначе јавниот обвинител ја води криминалната истрага)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Air crash investigation
« Одговори #407 на: 30 Март 2015, 22:52:30 pm »
Колку е убаво во тема кога ќе се приклучи некој кој има реално искуство, а не некој што само прочитал нешто дека му било интересно и мисли дека има големо познавање :)
Само Trg Jelacic, нема друго решение.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Air crash investigation
« Одговори #408 на: 30 Март 2015, 22:57:32 pm »
Друга работа... гледам има доста заинтересирани за воздухопловство. Ако сака некој да летне малку или па да научи да лета... ПП

Зарем постои некој што нејќе? :D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #409 на: 30 Март 2015, 23:04:30 pm »

Абе јас би рекол дека најбитно е зошто паднал авионот, ама гледајќи спред искуствата од MH17 и MH370 изгледа никогаш нема да дознаеме. (иначе јавниот обвинител ја води криминалната истрага)
Па искрено незнам зашто целокупната јавност би дознала. Сметам дека не ни треба да дознае. Луѓето отишле и ништо не ги враќа. Официјалните извештаи од CAA треба да ги добијат сите воздухопловни субјекти кои врз основа на нив би вовеле новини кои ќе ја подобрат сигурноста и ќе спречат слични несреќи. Исто и роднините на жртвите веројатно на нивно барање. Останатите зашто?
За обвинителот ете... значи неговите изјави никако неможат да бидат сватени како официјална причина за падот.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #410 на: 30 Март 2015, 23:05:16 pm »
Зарем постои некој што нејќе? :D
Пуууу.....

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #411 на: 30 Март 2015, 23:13:29 pm »

Мислиш дека јавноста прави разлика помеѓу криминална и воздухопловна истрага? Дека знаат што значат акронимите CAA/ICAO/EUROCONTROL? Креирањето на јавното мислење се одвива преку такви контролирани изјави, како тие на главниот обвинител на Франција.

Зошто јавноста да не ја дозне причината за падот?
Затоа што го има тоа право. Притисокот на јавноста е неопходен за решавање на некои аспекти на проблемите. Понатаму, можно е причината за падот да нема врска ни со копилотот ни со исправноста на авионот (хинт: летот МН17 и неговото соборување над Украина). Детална и конклузивна истрага може и да нема, ако јавноста глатко ја проголта теоријата без докази, во која коплотот е крив (наводно бил суициден, или педер, или муслиман, итн).
Јавноста треба да знае, мора да знае, нели во демократија живееме а не во апартхеид како тие во Кина/Русија/Кореја/вметни-моментален-непријател-на-САД

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #412 на: 30 Март 2015, 23:25:56 pm »
Ме интересира твоето мислење? Дали мислиш дека се брза со шпекулации, дека е точно или дека не е точно и е една голема лага?
За да видам кај сме  ;)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #413 на: 30 Март 2015, 23:36:48 pm »

Која шпекулација е точна?
Не знам, навистина не знам. Сакам да верувам дека постојат ред и правила, ама многу работи покажуваат дека реалноста не е таква. Официјалната верзија е заснована на шпекулации. Фали флајт дата рекордерот. Аудио снимките се од компромитирана црна кутија... Црните кутии од соборениот МН17 беа најдени неоштетени и некомпромитирани, а тој авион бил разнесен на голема висина и деловите разнесени на голема површина. Разбирам дека кинетичката енергија од импактот во овој случај (германвингс) дека најверојатно е поголема... Ама како е можно овде да не го најдат флајт дата рекордерот, кога деловите се секако на помала површина разнесени (во однос на МН17). Макар што теренот е понепристапен (Алпите), барем не е бојно поле во сред војна.

Мене сето ова ми е многу сомнително, посебно во очи на судбината на двата малезиски авиони. Дефинитивно барем годинава не летам никаде (иако имам клубски попуст во Виз, и планирав патување). Посебно не со Виктор Орбан на власт во Унгарија, и на црната листа на САД и ЕУ (Виз е унгарска компанија). Градиште чекај ме!  ;)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #414 на: 30 Март 2015, 23:46:46 pm »
ОК, не си многу далеку со мислите.
Мене сомнеж почна да ми се јавува кога излегоа со историја за пилотов. ваков бил таков бил сакал да напраи нешо големо.... а бил тивок и повлечен???? Ете тоа ми е сомнително. Друго шознам. Во однос на летот кажав погоре. Како поише дискутирам на темава така почнува и сомнежот...

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #415 на: 31 Март 2015, 00:28:00 am »
И на крај... Иако не ги подржувам теориите на заговор, повеќе верувам на факти, во овој случај стварно има место за нив. Ако видиме дека првиот ден акциите на Луфтханза и Ербас паднаа за 5%, тенденцијата за намалување на човечкиот фактор, наредниот ден се пушти бува за управување од земја... Да не збориме дека ако евентуално го бутнале никад тоа нема да се признае.... Има материјал за дискусија ;)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #416 на: 31 Март 2015, 01:13:59 am »

Бачка, прав си кога велиш „како поише дискутирам на темава така почнува и сомнежот„.
Така размислува нормален здрав ум. Остави ги на страна тие клишеата за теории на заговор. Нормално е да има сомнеж, не е нормално да се голта по дифолт се што е сервирано по медиумите, како тие официјалните меинстрим - така и оние сензационалистичките. Фактите се тоа што е потребно, а токму тие очајно фалат во овој случај.

Инаку шпекулации за контрола од земја има одамна. Сите технички и научни потреби за да се постигне далечинска контрола - постојат веќе некое време. Сите контроли во модерните воздухоплови се електронски, исто веќе некое време.
Мислам, реално... Ако можат од Невада со толкав тајм дилеј да управуваат дронови во (на пример) Пакистан, и тоа не зборувам за релативно лесни летови без многу маневри и на големи висини - туку на мали висини и со многу маневри, и во исто време контрола на оружјето и гаѓање на цели на земја - и тоа цели мали колку еден човек... Па колкав (технички) проблем е контрола на цивилен авион (зарем не е можно некој ден/месец претходно да се инсталира соодветната електроника).

Иначе тие теориите на заговор, сите што читале нешто за социјален инжинеринг знаат што е намената на „теориите на заговор„. Како полесно да скриеш нешто наочиглед на сите, освен самиот да извадиш луди глупи приказни, и да ги пласираш преку докажани пациенти кои се бават со тоа (како Миленко кај нас, на пример). Иако „приказните„ може да се (и се) на вистинита основа - сепак се очигледно погрешни, и еднаш кога рајата ќе ја проголта причата во тој контекст, муабетот за таа тема станува „теорија на заговор„ и сите што зборуваат за тоа, се лудаци и пациенти. Има многу примери, ама да не дрвам сега... касно е.    ;)

Дефинитивно има простор за размислување. Не најмалки за тоа од кои држави станува збор, кога зборуваме за соборувањето на авиониве. Во Украина кога падна авионот, тоа веднаш и без ронка реални докази беше искористено како изговор за санкции против Русија - иако до ден денес нема резултати од истрагата. Соборениот авион беше малезиски, а кај нив беше организиран паралелен меѓународен суд и на официјално судење американски претседател, и неколку владини претставници беа осудени за злосторство против човештвото. Да, за ова не верувам дека кажаа на вести. Но фактите се тие.
Пред некоја недела Германија и Франција сами (без САД), отидоа во Русија и преговараа за примирје во Украина (против волјата на САД, кои одбија да присуствуваат). Се договори примирје, и сеуште трае. Но ете срушен е ГЕРМАНСКИ авион... на ФРАНЦУСКА ПОЧВА.

Случајност? Теорија на заговор??  ::)
Можеби. Но можеби и не. Јас како и да е, немам намера да летам со Виз, или било која германска/француска/руска/унгарска/малезиска/кинеска/итн авиокомпанија. И да, акциите на некои од тие компании паѓаат, а некој ќарува и од тоа.
Што и да е вистината, такви случајности не постојат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Air crash investigation
« Одговори #417 на: 31 Март 2015, 09:10:03 am »
Ако видиме дека првиот ден акциите на Луфтханза и Ербас паднаа за 5%,

Нормално дека ќе паднат. Чудно би било ако не паднат.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Air crash investigation
« Одговори #418 на: 01 Април 2015, 01:45:08 am »
ОК, не си многу далеку со мислите.
Мене сомнеж почна да ми се јавува кога излегоа со историја за пилотов. ваков бил таков бил сакал да напраи нешо големо.... а бил тивок и повлечен???? Ете тоа ми е сомнително. Друго шознам. Во однос на летот кажав погоре. Како поише дискутирам на темава така почнува и сомнежот...

И Брејвик така делува(л) на прв поглед, ама ги спастри 80-ина деца на островот

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #419 на: 01 Април 2015, 02:11:28 am »

Брејвик директно го виделе како убива, и за неговата вина можат да посведочат ДЕСЕТИЦИ СВЕДОЦИ.
Колкумина сведоци го имаат видено копилотот како го урива авионот на Германвингс, @Ученик?