Ни од далеку ова не е надзвучна брзина. Ф16 за да оди над 1 мах му треба afterburn а за тоа му треба мнооогу гориво. Значи доаѓа од Лариса и се враќа во Лариса. Ако иде над 1 мах у Скопје, нема да се врати до Лариса. Ова окулу горивото. Друго, извидувачка мисија не бара брзина, да не збориме дека ова не е дури ни тоа туку парада. Ретко кога летаат надзвучно. Нема потреба од тоа.
Дека ЈРВ вежбале над Скопје со надзвучни брзини и тоа не е точно. Во Скопје беа базирани само Галеб Г2, Јастреб и Орел кои не одат над 1 Мах (Имаше еден Орел со afterburn у понирање што има пробиено звук и тој сеа се наоѓа во Музејот у Белград на Сурчин). Едини кои можеа да пробијат звучен ѕид беа миг 21 од Слатина, Приштина. Може да се има случено некој пат ама дека регулар тоа вежбале тешко.