Автор Тема: Авијација  (Прочитано 165993 пати)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Авијација
« Одговори #540 на: 01 Јуни 2015, 21:18:32 pm »
Ne be brat ne se toa kondenzaciski tragi... Toa ti se produkti od sogoruvanje, znam baba mi mi ima kazuvano...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #541 на: 01 Јуни 2015, 21:27:39 pm »
2 aviona letaat vo ist pravec i blizu edniov ostava tragi koi sto ne se gubat, a drugiot normalna traga sto po kratko vreme se gubi, toj so DPF li e? Ja sepak mislam deka ima nesto cusno vo seto toa.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Авијација
« Одговори #542 на: 01 Јуни 2015, 21:30:43 pm »
Среќа постои интернетот па секој што мисли нешто за брзо време може да дознае дали е во право или не. Така да слободно пробај да дознаеш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Авијација
« Одговори #543 на: 01 Јуни 2015, 21:31:45 pm »
За жал, постои интернетот, па секоја будала со побуди кон теории на заговор има отворен и неконтролиран медиум за да ги пренесе своите будалаштини.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Авијација
« Одговори #544 на: 01 Јуни 2015, 21:33:14 pm »
Наслов кога ќе рокне трендо... Рокнато е.
АКО ВЕРУВАТЕ ВО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР, ЏАБЕ ВИ ЗБОРИМЕ
http://off.net.mk/vesti/razno/ako-veruvate-vo-teorii-na-zagovor-dzhabe-vi-zborime

Од оригиналниот пост:

Накратко, зошто се мачеле да креираат лажни нелогични вести, за да видат дали теоретичарите ќе поверуваат во нив? Они веќе веруваат во лажни нелогични вести.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг:
« Одговори #545 на: 01 Јуни 2015, 21:35:11 pm »
2 aviona letaat vo ist pravec i blizu edniov ostava tragi koi sto ne se gubat, a drugiot normalna traga sto po kratko vreme se gubi, toj so DPF li e? Ja sepak mislam deka ima nesto cusno vo seto toa.

Не, туку се на различна висина.

Правилата на летање во контролиран простор не дозволуваат два авиона да летаат близу еден во друг. Има задолжителна (и тоа охохо голема) сепарација во сите три оски.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Авијација
« Одговори #546 на: 01 Јуни 2015, 23:15:34 pm »
2 aviona letaat vo ist pravec i blizu edniov ostava tragi koi sto ne se gubat, a drugiot normalna traga sto po kratko vreme se gubi, toj so DPF li e? Ja sepak mislam deka ima nesto cusno vo seto toa.
Биле на различна висина која што ти од доле неможеш да процениш колку е. Значи авионите имаат компјутери кои ја пресметуваат за нив оптималната висина на летање, и според тоа пилотите си бараат на кој FL ќе летаат. Едниот може бил рецимо на 34000 фт а другиот на 39000 фт. Така да разлика од 5000 фити и те како прави разлика во температура и релативна влажност на воздухот. Следствено на тоа и трагите се различни. А инаку ова теорииве многу ме интересира да кажат кој и зашто би не труел???

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Авијација
« Одговори #547 на: 01 Јуни 2015, 23:41:53 pm »
Иначе трагите се водена пареа, тоа лошото не се гледа, како на пример плејада CFC гасови.

Авионите одамна не емитираат CFC гасови.

чекај сега... колку е тоа одамна... прашувам затоа што сега брзо на форумов се дискутираше и цврсто тврдеше дека авион од 25-30 години старост, бил на пола од својот животен век... аналогно на тоа, (по логика) имаме авиони стари по 40-45 години старост кои сеуште се во функција...

е сега, не дека нема логика, ама и ова морам да прашам: цфц гасовите, се поврзани со моделот и типот на согорувачите или со горивото?

Биле на различна висина која што ти од доле неможеш да процениш колку е. Значи авионите имаат компјутери кои ја пресметуваат за нив оптималната висина на летање, и според тоа пилотите си бараат на кој FL ќе летаат. Едниот може бил рецимо на 34000 фт а другиот на 39000 фт. Така да разлика од 5000 фити и те како прави разлика во температура и релативна влажност на воздухот. Следствено на тоа и трагите се различни. А инаку ова теорииве многу ме интересира да кажат кој и зашто би не труел???

го сваќам моментот на завера тука што се обидува да се пласира... муабетот е не дека некој некого труе намерно, туку демек тоа одсекогаш си било отровно, ама не се зборело за него.. сега со секојдневниот пораст на нови авиони, се зголемуваат и количините на издувни гасови... точно тоа е филмот..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Авијација
« Одговори #548 на: 02 Јуни 2015, 09:46:24 am »
Иначе трагите се водена пареа, тоа лошото не се гледа, како на пример плејада CFC гасови.

Авионите одамна не емитираат CFC гасови.

чекај сега... колку е тоа одамна... прашувам затоа што сега брзо на форумов се дискутираше и цврсто тврдеше дека авион од 25-30 години старост, бил на пола од својот животен век... аналогно на тоа, (по логика) имаме авиони стари по 40-45 години старост кои сеуште се во функција...

Во право е Филип, Јас пишав CFC но мислев на ozone-depleting substances ODS (кои и онака многу малку количински ги има во емисиите). Но во просек, авионите многу малку дури и дискутабилно придонесуваат за дестабилизирањето на озонот. Така да ништо страшно. Многу пострашни се емисиите на CO2 од површината.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Авијација
« Одговори #549 на: 02 Јуни 2015, 09:49:50 am »
чекај сега... колку е тоа одамна...

Од втора светска војна па наваму.

прашувам затоа што сега брзо на форумов се дискутираше и цврсто тврдеше дека авион од 25-30 години старост, бил на пола од својот животен век...  

До кај е со векот зависи од многу фактори, но - да - доколку е правилно одржуван, авион стар 25-30 години може да тера уште дооолго време. У принцип, кога авионот иде во отпад е најчесто одредено од економски, а не технички фактори.

Американското воено воздухопловство, на пример, се уште активно користи авиони произведени во пеесетите или шеесетите години од минатиот век. Тие авиони се дебело постари од нивниот екипаж и се уште немаат абер да ги пензионираат. Ер форс уан на Обама е 40+ години стар. Русите сеуште носат туристи во Турција со авиони 40+ години стари, а Lufthansa дури сеа пред некоја година ги пензионираше своите Ербас A300 кои се правени во седумдесетите...

аналогно на тоа, (по логика) имаме авиони стари по 40-45 години старост кои сеуште се во функција..

Имаме и постари од тоа.

А инаку ова теорииве многу ме интересира да кажат кој и зашто би не труел???

Најновата chemtrails + monsanto интегративна теорија која ја имам чуено оди отприлика вака:

Од авионите прскаат специјални хемикалии кои за човекот не се отровни, но кои кога ќе паднат на почвата, прават да успеваат само производите на „Монсанто“ а другите, не-монсанто култури да потфрлаат. Така, светот се прави зависен од семките на „Монсанто“ и злите корпорации се пунат со пари.
« Последно менување: 02 Јуни 2015, 10:21:37 am filipv »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Авијација
« Одговори #550 на: 05 Јуни 2015, 09:47:27 am »
Rolls Royce Merlin, 27 литри турбо-суперчарџд, cca 1600 кс на 2000 rpm.


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Авијација
« Одговори #551 на: 05 Јуни 2015, 10:18:15 am »
Ова е позабавно (малку офтопик, ама не многу):


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Авијација
« Одговори #552 на: 05 Јуни 2015, 10:22:32 am »
Oвој троши повеќе уље на 100 км од денешните мотори гориво на 100 км :)

(и ова е само наполу заебанција: во спецификациите на моторите кои се вградувале и испорачувале до оперативата, обавезно бил запишан прецизен податок за потрошувачка на масло во единица време работа и - да - се мерело во литри на час. Авионите имале посебен резервоар за масло кој ако се оштетел во борба, авонот мора под итно да фаќа патот накај дома и да се надева дека ќе успее да стигне)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Авијација
« Одговори #553 на: 08 Јуни 2015, 16:20:43 pm »
Така го претставил тоа???

Да, вика за оние неупатени гледачи, да објасниме најпросто, воените пилоти трпат максимални 4Г, а тука гледаме 7Г, колку е само тоа големо оптеретување што овие пилоти во Ф1 го трпат сето тоа.

Воените пилоти трпат долготрајни (повеќе од неколку секунди) оптоварувања меѓу 4 и 5 ге, но и краткотрајни (неколку секунди) оптоварувања докај 8-9 г. - aвионот ќе издржи, но не и пилотот, па ќе се онесвести. Исклучок е Eurofighter Typhoon кој трпи 9 г sustained, а има отидено до неверојатни 12 г, за што носат специјално анти-ге одело - во „обично“ анти-ге одело нема да издржат.

http://en.wikipedia.org/wiki/G-force#Typical_examples_of_g-force

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Авијација
« Одговори #554 на: 08 Јуни 2015, 19:46:41 pm »
Така го претставил тоа???

Да, вика за оние неупатени гледачи, да објасниме најпросто, воените пилоти трпат максимални 4Г, а тука гледаме 7Г, колку е само тоа големо оптеретување што овие пилоти во Ф1 го трпат сето тоа.

Воените пилоти трпат долготрајни (повеќе од неколку секунди) оптоварувања меѓу 4 и 5 ге, но и краткотрајни (неколку секунди) оптоварувања докај 8-9 г. - aвионот ќе издржи, но не и пилотот, па ќе се онесвести. Исклучок е Eurofighter Typhoon кој трпи 9 г sustained, а има отидено до неверојатни 12 г, за што носат специјално анти-ге одело - во „обично“ анти-ге одело нема да издржат.

http://en.wikipedia.org/wiki/G-force#Typical_examples_of_g-force
Го слушнав ова што кажа овој на ф1, глупости.