Според мене најгрди ентериери се сите оние ентериери на кои што километражата им е на средина!!!
спортекс ако ти е толку грдо што си го купувал ? баш е прегледен и добро е сместен ....
Цитираш коментар од Шмит, а моја слика која само се надоврза на коментарот и мене ме прозиваш...не те капирам?
спортекс ништо лошо не мислев само прашање беше зашто веќе си имал ц4 а не ти се свиѓала тоа ми беше муабетот .... јас кога купувам кола сигурно би ми се свиѓала и од внатре и од надвор ништо навредливо спортекс респект
Во право си...ама отпочеток ми беше симпатично, ама кога видов колку нефункционалноа работа е фиксираниот средишен дел на воланот и централниот дисплеј на среде, престана да ми биде симпатично. Не знам колку си висок ама јас за да го ресетирам комјутерот во вожња морав бајаги добро да се истегнам со своите два метри за да го достигнам копчето за ресетирање.
Сигурно ти се случило да мораш да посегнеш по командите на волан додека земаш некоја поголема долга кривина...!? Си успеал ли да го направиш тоа без да го тргнеш погледот од патот макар и за момент за да видиш каде е копчето? Јас да...и за малку ќе се учукав!!!
Без разлика колку симпатично е скоцкан енетериерот на една кола, евентуалната лоша ергономија на инструментите ќе ти го направи одвратен или во најмала рака неподнослив.
Овие беа само некои од причините што веќе не седи кај мене во гаража па дури и поцена на изгубени 4.500 евра за една година.
Тоа е мое мислење...без навреди ве молам!