Полека момци

.
Матеј, не е ливчето не е мое, туку е на дечко од Битола, затоа што сметам дека е уметност да погодиш 13 утакмици, сите над 2 коефициент.
@Vрачед, ја почнав со 100Е почетен капитал, и тие 100Е ги вртев едно 5 месеци на bet365.
Успеав со тие со 100Е да догурам до 1400Е профит. Арно ама, у надеж дека ке фатам пак добра серија, ги вратив на 500Е, па пак ги качив на 1200, па пак назад на 700.
На крај, си ги зедов моите пари, и 250Е бев во плус.
Но, бара посветеност, и ми одзимаше скоро цел ден кладењето.
Многу нервози се, и 250Е за 5 месеци работа и истражување секој ден, е неисплатливо.
Плус, почнаа и премногу да се местат утакмици.
Играм и сега, но, чисто рекреативно, и кога има некоја што ја викам ја, локум утакмица и пуштам иљадарче.
Како на пример Сити-Ливерпул денес што е зицер за играње на голови.
Дали е исплатливо или не, не можам да ти одговорам, затоа што на крај, и покрај детално анализирање, собирање информации, состави, тактики, све се сведува на среќа во кладењето. А тука, немаш удел.
Многу пати досега ме делела статива, пречка, или гол до огромни добивки.
Ја намалив со играњето ради тоа што 8 пати по ред ми се погоди да не земам пари на некои случки кои не можам ни самиот да си ги објаснам.
Чекам утакмица GG3+ за добивка, од 20-та минута останува 1-1 до крај. Да биде мизеријата поголема, промашуваат и пенал во прво, и уште неколку 100% шанси.
А од друга страна, ливчето што го постирав погоре, е сосема обратниот случај ...
Евертон 0-0 на полувреме, 3+ му ја дава во второ.
Марсеј 0-1 на полувреме, GG3+ му ја дава.
Лион 0-1 на полувреме, GG3+ му ја дава.
Борусија 0-0 на полуверме, GG3+ му ја дава.
Барса од 2-0, без Меси и Нејмар прави пресврт и дава 5 гола.
Така да, има луѓе што живеат од спортска, дефинитивно, само што располагаат со поголем буџет, и може да се вадат ако им тргне на лошо.
Јас тој ексклузивитет го немам.
Нервозите што ги трпиш и стресови во тие моменти нема никој да ти ги плати.
