ОК, ...
Кабадаја е исклучиво користено за МАШКИ. Тие што го користат за жени не го знаат вистинското значење на кабадајлуко.
За жените нема некое посебно освен, освен пуфла, шмизла, ...што секаде се користи.
Во Битола, има нешто што е збир на повеќе карактеристики, кои во другите градови се гледаат одделно.
Пример за кабадајлук е, да правиш постапки преку кои се прикажуваш дека си некој и нешто, а уствари си никој и ништо
Тоа е преку начин на говорење, постапување, реплики и сл.
Кабдајлукот е за сите што имаат пари и што немаат пари (голич кабадаи).
Има многу вистински приказни за кабадајлук.
Убаво е да го гледате филмот за кабадаите во Битола. Смешното е што сите оние што ги гледате во филмот важат за најголемите кабадаи во Битола
Е сеа има и позитивни некои карактертики. Тоа е оној битолскиот шмек, мајтап и сл.
Ако ептен не разбирате
целата работа е да бидеш кул, во основа е тоа
колку си кул, јак, ебач и имаш пари...а уствари не си
Една од причината зошто има најмногу BMW-а по глава на жител во Битола, е токму заради тој кабадајлук и ништо повеќе.