Лично се познавам со газдата на http://www.elektropromet.com.mk кој е увозник за faber /nardi,eurolux и lino,рекламациите биле реткост и банални.Ми дадија 7% попуст и еве после 2 години се си работи совршено.Бивши колега работи во Сетек кој има редовно рекламации од горење и електролукс.....
Малку не е пристрасно ова познавање со газдата ? Зарем мислиш дека познанството е доволен репер за да имаш информација дека нешто ретко се расипува. Хипотетички, еве не ре расипува. ОК. Ама дали би си дозволил да ти каже нешто друго ?
Сервисот, барем на времето, кога главниот увозник беше во Скопје, беше одличен. Мене ми настрада ( по вина на жената што чисти ) еден регулатор за плин од плотната. Сервисерот брзо дојде, ама делот се чекаше околу 2 месеци да стигне од Нарди. Тогаш за плотната единствена опција ми беше Нарди, бидејки едниснтвено они ги имаат плотните со сите 4 рингли на плин. Во меѓувреме си купив решо од пластична улица.
Немој погрешно да ме разбереш, ама расипливоста кај сите брендови е варијабилна, и зависи од модел до модел. Со оглед на огромната понуда и асортиман на сите брендови. Она што не сакам е некој да лаже.
Од сајтот на твојот пријател :
Електропромет е ексклузивен претставник и официјален дистрибутер за Р.Македонија на двата италијански производители Faber -аспиратори за кујни, Nardi апарати за вградување, Eurolux бренд на Faber i Nardi и Lino (економичена линија на апарати) им нуди на свотие потрошувачи производи со висок квалитет и извонреден дизајн со што ги задоволуваат и најприбиливите вкусови.
Обрни внимание или прашај го газдата
- Дали Електропромет е преставник и дистрибутер директен, или тоа е матичната фирма во Бугарија ?
- Дали Eurolux e бренд на Фабер и Нарди или на Лексгруп
http://www.leksgroup.com . Лексгруп е дистрибутер на Фабер и Нарди, а под чаршав бута бренд кој се прави за негово име и потреби.
Пак ќе кажам, за квалитет и гаранција не правам муабет.
Имам конкурент кој продава бренд лагери, кој бренд го шета на визит карта, и се удара во груди со него. Под чаршав нуди поевтина алтернатива која е ваљда ОК, ама далеку од брендот. Продавам Кока Кола, ама и Лондон кола е добро....
Јас би размислувал на бренд како и да е. Или, можеби е подобро купување на поскапо а подобро, е поради финансии, да се купат производите со временски размак .
Бош/Сименс имаат неколку увозници, ама имаат одличен и брз сервис ( после 13 години ми настрада амортизер од машина за перење, чија промена сосе РР на лице место беше 700 денари ) . Треба добро да се размисли при купување, и различности на цени. Јас правев споредба со машина за перење од 15.000 и 30.000. Разликата во моторот беше дупла снага, а тоа значи поскапата работи со некаде 60 % од снагата, додека оваа од 15К - 95-97%
И да, и јас би ги заобиколувал и Elektrolux, и AEG на пример. Разбрав дека се само купени имиња ради имиџ потребен на кинезите. Истото е и со Grundig во Сет.
Она што прво прашувам кој и каде е сервисот. После купувам.