32 денари 190 грама. Некогаш и некаде и до 38 денари.
Ама грама и литри не е исто.
Е ај образложи ја математиката колку чини литар а колку кило плин купувано во боци од 190 грама?
Бидејки е гас, е комплицирано, т.е. секогаш ке го зафати целиот простор на садот во кој се наоѓа. Тука секако треба да се направи дистинкција дека килограме е мерка за тежина а литар за волумен. Две сосема различни работи. Тоа што литро вода е воедно и кило вода е многу погодно, ама не важи за сите супстанци, нели.
Тоа значи дека ако тие 190 грама плин ги преточиш во буре од 100 литри, тогаш ке имаш 100 литри од гасот (на некој начин) а само 190 грама. Затоа е специфицирано при кои услови, притисок, темепратура итн, колку литри од гасот е еднакво на колку килограми. Од некои податоци набрзининка што ги најдов, вели дека
1 литар LPG е околу 0,51 килограм. Што би се рекло, боцава од 190 грама е одприлика околу 0,37 литри. Е сега тоа зависи и од смесата, математиката е за ЛПГ а боцава е со бутан, незнам колку се разликуваат, ама ај да речеме така.
Или грубо кажано, 3 боци, прават литро, т.е. околу пола кило и коштаат 96 до 114 денари.