Само прашањето е дали се добри со програмирањето и испуштањето на омекшивачот?
не мирисаат алиштата на омекшивачот
еден совет да ти дадам, пред да купиш машина... чисто од аспект од искуство....
алиштата НЕ ТРЕБА да ти мирисаат на омекшивачот. омекшивачот е средство кое хемиски се врзува со текстилот т.е. тесктилните влакна. неговата парфимираност на незнам ти што (праска, дуља, море, лето, зима и дрн дрн дрн) пред се доаѓа само за да го прикрие неговиот оригинален ТЕЖОК мирис.. сепак е хемикалија...
кога ова ке го сконташ, прејди на следново и пробај да го сконташ:
доколку, алиштата ти мирисаат интензивно, повторувам ИНТЕНЗИВНО на омекшивачот, тоа значи дека машината за перење не ги плакне доволно... а по дефиниција тоа значи дека КАД ТАД ке добиеш ти како корисник на тие алишта, некаква алергиска реакција, која ке се манифестира со сврабење/чешање насекаде по телото каде што ке те допира тој текстил... и после (нај често) причините ги бараат во неквалитетниот омекшивач или детергент за алишта, па се бара “друг тип“ кој нема да ти го прави тоа... а вистината е дека кожата после одреден времеснки период добива реакција на тие хемикалии...
затоа.. таа машина која ке го исплакне омекшивачот е одобра од таа од која ке се осеќа омекшивачат на велико... јас секогаш ке ја изберам првата, т.е. таа што ке исплакне убаво... а за да мирисам јас убаво, не ми треба омекшивач... за тоа постојат парфеми, дезодоранси и слично... уште помалку сакам гаќите (и содржината што ми ја покриваат) ДА МИ МИРИСААТ НА ЛЕНОР...

сето ова важи и за постелнината на која спиеме.. и таа треба да биде убаво исплакната а не да мириса на омекшивачот, зашто така всушност, преку нејзе и највише се иритира кожата, поготово ако се запотиш додека спиеш, или исто и преку долна маица, ако се запотиш додека ја носиш (работиш, возиш точак, или ете во јули-август-септември) пешачиш малку побрзо...
имај го на ум ова што ти го кажав...а би можел и кај некој дерматолог, или кожен специјалист да се посоветуваш за ова што ти го посочив... да не се направиш еден ден како печурка крастава па да се чудиш што ти се случило...