Да работи продавничето, ќе видам...
Оригиналната Горење машина од 30 години пак скрше амортизер ама сега ја скина и гумицата од бубањот, и пошто беше рѓосана и долу каросериски, не вредеше да се поправа.
Па ја зедов од друго место оваа која така стоеше година и нешто, а користена само неколку години, ST марка, и на прво пуштање прочаде гумицата на бубањот на центрифуга, и квичеше на мали обртаи.
Бубањот немаше центар во пластичната обвивка, зошто не знам, фатив ја растурив целата за 45мин посекако отпадот не му бега си реков. И еве шо најдов:

Лагер и семеринг(каде и да е тој) не менувам, добри се, ќе си запишам димензија само за во иднина (од кај тебе земам посекако, ужувај).

Машината е генерична ST, 10к била нова гледам, и се продава под различно име на други места, Амика, Вивакс итн... На амазон го има спајдерот ама веќе при крај се ѓаќите залихата.
Инаку се друго е топ на машината, чисто, ни рѓа ни искривено/ искинато, а пошто сакам да сум еко френдли, ќе ја поправам.
Денес или утре ако не најдам дел, ќе мора нептун да се посети.
