Еден другар на викендица има Ободин од седумдесетите, функционален, никогаш непоправан...
Конвенционалните фрижидери не се толку подложни кон расипување,си тераат години, некои фаќаат поќе мраз во замрзнувачот, некои помалку и тоа е тоа.
Кај No Frost фрижидерите, конретно кај горење, често се случува да има протекување на фреон и тоа е непоправливо, но најчесто се случува во гарантен рок (5 години) и го признаваат дефектот, даваат заменски фрижидер или враќаат пари, само остануваш без фрижидер додека се изјасни позитивно сервисот

Според ценовниот ранг кој го посочи колегата клабер погоре, заинтересиран е за No Frost (што е нормално, зошто би купил нов фрижидер со застарена технологија).
Друг момент, изработката на Горење е на пониско ниво за разлика од споменатите Самсунг, ЛГ... можеби иноксот на вратата делува примамливо, ама слободно кој сака нека провери по продавниците, нека ја види изработката позади, на кое ниво е Самсунг, на кое ниво е Горење.
Друг момент е волуменот, ист ценовен ранг со Самсунг, околу 500 евра, 185ка, пример, Горење е околу 5 сантиметри поплиток, внатрешниот дел е потесен...
Некои модели се произведени во Србија, некои во Кина, тие од Србија се поокеј. Компресорите претежно им се исти, GMCC.
Ако мора Горење, тогаш овај, од Србија:
https://www.neptun.mk/categories/KOMBINIRANI_FRIZIDERI/GORENJE-NRK-6192-AXL4Ама е над 28 000...