Јас пред некој месец пазарев ваква техника.
Фрижидер Самсунг кобиниран, no frost инвертер мотор. Ок си е, тивок. 25000.
Фурна и плотна Горење, околу 27000 комплет, да бидам искрен не ме бива за готвење, ама таа што ја користи вика дека ок е, поубава и била рерната од претходната Беко. Јас имам забелешка на бучни вентилатори.
Машина за перење Хотпоинт Аристон, 18 000, испробана, супер си е.
Аспиратор, целосно вградлив, Горење некои 400 кубици, мислам 5000 ден. Ништо особено, ама и онака не ми беше многу битен, имам џам кај што е плотата, а од другата страна терасна врата.
И да ставев појак, издувот, дупката во станот е 10 см, а појаките се 15+ см, па редуцирање дрн дрн... кај мои луѓе ставивме Елика целосно вграден од некои 700 кубици, 15см издув, се осеќа дека е моќен, купен од Електро Промет, 9000 ден.
Да имав повеќе пари на располагање ќе одев со Бош, познавам луѓе што се прилично задоволни од сите уреди што ги поседуваат, но не најевтината класа.