Не секогаш е до марката, некогаш е и до како ќе се погоди. Генерално купувај бела техника што не е од излог и МНОГУ внимавај кога ќе ти испорачаат бидејќи знаат да ти достават изгребани/набиени да потпишеш и после кој те врти.
1. Јас имам Хотпоинт Аристон фрижидер, но фрост. Класика 200 со 100л. За 4 члено генерално е ок. Вградените се супер, имај предвид да има доволно вентилација за ладење. Тие не се но фрост.
2. Плотна исто, Хотпоинт Аристон. Не е толку брендот колку да видиш каков, дали со 4 зони, дали со 3,дали индукциски...
Рерна исто 99% функција горен и долен греач. Грил опција е супер за крцкави ребра или печење пиперки. Не паѓај ма глупи непотребни опции. Нема да се користат. Маркетинг.
3. Машина садови исто Хотпоинт Аристон. Као 12 програми. 99% се користени 2 програми. Не се замарај со тоа. Ако планирате кујна без рачки а да е висока 85цм,мора да бараш машина што ќе се отвара на "чук чук". Ако раб плотна планирате 90цм да е, тогаш било каква.
4. Се зависи кујната дали е со дневната или засебна. Ако е засебна, било кој ќе заврши работа. Ако е заедно било кој да го купиш ког ќе запржиш колбасици, ќе мириса. Друго, за аспиратор над 350 капацитет, треба отвор до надвор од ф150цм. Инаку џабе го имаш, нема да има проток, цевката ќе е тесно грло.
Друго, или посебен аспиратор елемент или целосно вграден. Телескопски е некој хибрид кој само грди.
Работата е џабе што ти пишував, жена ти на крај ќе ти каже што сака навлечена од маркетиншките финти.