Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 506984 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2010 на: 20 Јануари 2022, 18:18:27 pm »
Оваа, барем не е бела :D

https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SADOVI/WHIRLPOOL-WSFC-3M17-X

Истата Електролукс во Нептун е 2 илјади поефтина

https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SADOVI/ELECTROLUX-ESA-12100-SW
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2011 на: 20 Јануари 2022, 19:32:20 pm »
Како ги зачинуваш? масло оставаш да прегори ? та е било линкот...
Прво да загрее убаво повеќе масло.
После се истура, се пребришува да остане танок слој, не капки масло воопшто, па се загрева добро така да подгори, да се залепи тој слој за тавата. Оваа постапка може и во рерна да се направи ако дозволува рачката на тавата. Ја ставаш тавата така со танок слој масло обратно, со делот за пржење надолу и ја печеш едно пола саат, каст ајрон и саат време јас ја печев.

Најдобро е 3 пати да се повтори постапката.
Треба да се внимава да не е некоја танка тава па да се искриви.

По пржење или готвење во тавата, истата не се мие со детеегент или во машина. Се додава врела вода, да прокрчка и се брише со хартиена крпа, да остане слојот масло зачин на тавата.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2012 на: 21 Јануари 2022, 15:49:55 pm »
И покрај 1927277181818 функции, на крај ќе користиш само 1 ептен 2 програми. Верувај. Или таа со највисока температура или таа со нормална.
Гледај само д не е изложена.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2013 на: 21 Јануари 2022, 16:01:38 pm »
Добро бе мајката, каст ајрон па каст ајрон.

ЛЕАНО ЖЕЛЕЗО.

Sent from my...


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2014 на: 21 Јануари 2022, 16:29:50 pm »
Добро бе мајката, каст ајрон па каст ајрон.

ЛЕАНО ЖЕЛЕЗО.

Sent from my...
Гус

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2015 на: 21 Јануари 2022, 19:37:40 pm »
Кај мене, сепак одлуката падна за WHIRLPOOL WSFE 2B19 EU. Бев со намера за Електролуксот, но пред некој ден кога бев беше 19.999, по 2 дена 24.999. Сметам дека не вреди таа разлика во цена, затоа се одлучив за Whirlpool от.
Чекам во Среда да ми пристигне спакувана. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен evevaka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2016 на: 27 Јануари 2022, 20:01:23 pm »
дечки, здраво живо
цените растат, а јас никако да се одлучам.
што е маката.. епа:
1. фрижидер - до кај 30.000, која марка? Дали вграден или не? Знам, поличен е вграден, но некако се плашам да не е мал?
2. Фурна и плотна, двете заедно до кај 30.000.. читам беко биле крш, горење само словенски ама и тоа не било тоа, електролукс океј ама 2 год гаранција, а самсунг скапи.. и, сеа?
3. Машина садови (вградена целосно) до кај 20.000. Ако добро исчитав на форумов, може беко со инвентер мотор и со 3та фиока.. но читам и за вирпул...мидеа.. и пак не знам што е паметно  да се избере.
4. Аспиратор - е за него добро фатив белешки од форумов, значи, ќе биде некои од тие лино мино, битно да има 500-600м3 усисна моќ, а по можност о два мотори.

Ај ако некој скоро бил на макава, нека советува.

Пријатна вечер

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2017 на: 27 Јануари 2022, 20:15:11 pm »
1. LG препорака од мене. Верувам и другите ќе се согласат.
2. Би одел на Electrolux.
3. BEKO или ако можеш да си дозволиш, Bosch.
4. Карактеристиките ти се ок што си ги навел. Додај само да има неповратна клапна.
Потпис.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2018 на: 27 Јануари 2022, 20:25:18 pm »
Не секогаш е до марката, некогаш е и до како ќе се погоди. Генерално купувај бела техника што не е од излог и МНОГУ внимавај кога ќе ти испорачаат бидејќи знаат да ти достават изгребани/набиени да потпишеш и после кој те врти.

1. Јас имам Хотпоинт Аристон фрижидер, но фрост. Класика 200 со 100л. За 4 члено генерално е ок. Вградените се супер, имај предвид да има доволно вентилација за ладење. Тие не се но фрост.

2. Плотна исто, Хотпоинт Аристон. Не е толку брендот колку да видиш каков, дали со 4 зони, дали со 3,дали индукциски...
Рерна исто 99% функција горен и долен греач. Грил опција е супер за крцкави ребра или печење пиперки. Не паѓај ма глупи непотребни опции. Нема да се користат. Маркетинг.

3. Машина садови исто Хотпоинт Аристон. Као 12 програми. 99% се користени 2 програми. Не се замарај со тоа. Ако планирате кујна без рачки а да е висока 85цм,мора да бараш машина што ќе се отвара на "чук чук". Ако раб плотна планирате 90цм да е, тогаш  било каква.
4. Се зависи кујната дали е со дневната или засебна. Ако е засебна, било кој ќе заврши работа. Ако е заедно било кој да го купиш ког ќе запржиш колбасици, ќе мириса. Друго, за аспиратор над 350 капацитет, треба отвор до надвор од ф150цм. Инаку џабе го имаш, нема да има проток, цевката ќе е тесно грло.
Друго, или посебен аспиратор елемент или целосно вграден. Телескопски е некој хибрид кој само грди.

Работата е џабе што ти пишував, жена ти на крај ќе ти каже што сака навлечена од маркетиншките финти.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2019 на: 27 Јануари 2022, 22:28:55 pm »
Фрижидер со инвертер мотор. ЛЏ и др не знам кои имаат.

Фурна и плотна Електролукс, Беко што и да одбереш има задоволни купувачи.
Како ќе се погоди и 2 год да има гаранција може долго да служи.

Машина за садови не знам мене ова ми е најнеупотребувано нешто, па затоа предлог да е најефтино со најголема гаранција.

Аспиратор зависи каков ти треба барај со таа усисна моќ.

Некогаш и овие што не се толку познати брендови знаат да се покажат. Како ќе се погоди. Ни Горење не се тоа што беа

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2020 на: 27 Јануари 2022, 23:13:36 pm »
Само подалеку од ST!!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2021 на: 27 Јануари 2022, 23:28:00 pm »
2. и 3. (фурна, плотна, машина за садови) Беко еве возат 6 години со апсолутно нула проблеми.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2022 на: 28 Јануари 2022, 07:52:53 am »
Знаете некој мајстор за мали електрични апарати, да однесам за поправка, благодарам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен triki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2023 на: 28 Јануари 2022, 09:45:38 am »
Некој да препорача машина за перење со горно полнење?

Малце се соленки сите што ги гледам по продавнициве. Би ја земал најефтината што е ок :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2024 на: 28 Јануари 2022, 10:52:06 am »
1. фрижидер - до кај 30.000, која марка? Дали вграден или не? Знам, поличен е вграден, но некако се плашам да не е мал?

За другите работи не дошло ред, ама пред 2 години купив Samsung фрижидер со инвертер. Горе регуларен фрижидер, доле комора со фиоки. Ознаката е нешто RB33J3 и така натака.

Сега за сега (пу-пу), одлично работи. Она што мене ми е супер-важно - тивок е.