Дечки, можно е да се деси на едното од доводните цревца за вода што влага во садот за детергенти на машина за перење алишта да биде избиено/извадено при пуштање на машината ПОСЛЕ прекин на вода?
Мислам дека кога шпулната го отвара вентилот има надојдено воздух и од притисок го има извадено. Колку за инфо, машината е на 2 спрат, каде секогаш кога има прекин на вода, инсталацијата се исцедува и полни со воздух.
Апдејт!
Се има случено, баш тоа што прашав. Вратив цревото на место и му ставив плус една стега. Ја извадив целата електроника да ја издувам и исушам бидејќи синоќа (среќа дома бевме) кога го изби цревото од сите страни прскаше вода од самата машина, за неполни 5 минути дури сфатиш што се десило, голема локва на вода се направи.
Кај мене до душа по мое мислење, лошо е изведен доводот на вода за машината, на иста а можеби и на повисока точка е од чешмите, така што воздухот кога снемало вода се заглавил најмногу кај цревото за вода од машината, така да при нејзино пуштање се деси тоа што се деси. Ко прав домаќин, пуштив машината на шарени, ради ал се нечује
