Момци, вреди да поправам фрижидер беко 10год стар или нов да купам. Се работеше во ред се до оној момент кога го угаснав... и престана да работи...
Имаше ли некаква друга промена освен исклучување од штекер?
(Ако е во место со стара инсталација и немаш посебен осигурач за секој штекер, види прво фаза - премести со продолжен, да не работи на друг

)
Ако немало никакво друго дејствие, може и да е само "обичен" термостат - зависи колку ќе чини, различни апарати имаат различно скапи делови.
Дали е преместуван... Дали бил во соба каде претходно било топлено, да речеме, а сега веќе не се грее итн...
Ако нема ништо од тоа - најдобро повикај сервисер, подобро плати 500 денари да дојде кај тебе отколку да го влечеш до сервис и назад.
Ако е нешто ситно, тие 500 денари ќе се исплатат ептен.