Јас имам посебно. Пред некое време откажа машината за сушење. Немав проблеми со перење во меѓувреме додека ја опраив. После тоа цркна и пералната. Додека беше цркната перев кај моите, сушев дома. Веројатно кога ќе цркне комбинирката ги немаш тие комбинации.
Башка, 6КГ ми е машината за перење, 6КГ за сушење. Обично она што го гледав од комбинирки е помалку капаците за „сушечкиот“ дел, што значи дел од алиштата ќе треба надвор да бидат, или ќе треба да се ограничиш на капацитетот на сушење.
Предност е незафаќање на екстра место, веројатно и поефтина комбинација наместо 2 машини.