Здраво дечки,
треба да земам принтер за во канцеларија, па ако некој има искуство со принтери нека препорача нешто.
-Принтерот ќе биде за потребите на мала фирма од околу 5 вработени.
-Да биде мултифункционален (да има функции за копирање и скенирање)
-Би се користел за печатење на текст.
-Месечно би се печателе околу 10 000 - 15 000 страни.
-Принтерот по можност да биде ласерски, но и не мора.
-Црно-бело печатење (Не мора да печати во боја).
-Сакам да потенцирам дека многу битна е цената на тонерот кој што ќе треба да се користи, бидеќи ќе се менува по неколку пати месечно.
Добро би било ако има опција да се користат компатибилни тонери или уште подобро ако може некаде да се полнат постоечките.
Моментално се користи еден обичен инџект принтер кој што веќе откажува како што почна да се зголемува бројот на испринтани страни од месец за месец
Разгледував по продавниците, и сега за сега би земал нешто од HP или Canon.
Еве еден пример:
http://genel.com.mk/index.php?route=product/product&path=117_44&product_id=393Секоја информација е добредојдена.
Поздрав.
/Ацо