Автор Тема: Препораки за канцелариски принтер  (Прочитано 6516 пати)

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Препораки за канцелариски принтер
« на: 17 Декември 2014, 15:51:19 pm »
Здраво дечки,
треба да земам принтер за во канцеларија, па ако некој има искуство со принтери нека препорача нешто.
-Принтерот ќе биде за потребите на мала фирма од околу 5 вработени.
-Да биде мултифункционален (да има функции за копирање и скенирање)
-Би се користел за печатење на текст.
-Месечно би се печателе околу 10 000 - 15 000 страни.
-Принтерот по можност да биде ласерски, но и не мора.
-Црно-бело печатење (Не мора да печати во боја).
-Сакам да потенцирам дека многу битна е цената на тонерот кој што ќе треба да се користи, бидеќи ќе се менува по неколку пати месечно.
Добро би било ако има опција да се користат компатибилни тонери или уште подобро ако може некаде да се полнат постоечките.
Моментално се користи еден обичен инџект принтер кој што веќе откажува како што почна да се зголемува бројот на испринтани страни од месец за месец  :)
Разгледував по продавниците, и сега за сега би земал нешто од HP или Canon.
Еве еден пример:
http://genel.com.mk/index.php?route=product/product&path=117_44&product_id=393
Секоја информација е добредојдена.
Поздрав.
/Ацо

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #1 на: 17 Декември 2014, 16:25:54 pm »
Ја би ти препорачал да видиш моделче некое од мултифункционалните на Xerox,блиска фамилија го утепаа од работа у канцеларија мака си нема принтерот.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #2 на: 17 Декември 2014, 17:05:43 pm »
HP MFP 1536, prezadovolen sum do sega, okolu 1 godina go koristime no so okolu 3-5.000 kopii mesecno. Jas mu stavam zamebski toneri kd 850 denari od koj sum prezadoven, gi prepoznava kako OEM Part i si tera bez problem so niv.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #3 на: 17 Декември 2014, 18:01:01 pm »
HP MFP 127dn

Мрежен ласерски принтер. За цена од окулу 6500 денари а најдобар bargain.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #4 на: 17 Декември 2014, 18:05:37 pm »
Што сакаш само барај network принтер! Има Canon принтери на кои пасоват HP тонери. Не се сеќавам во БАС кога работев баш зедов принтер Canon мрежен и пасоваше 1010...1018 HP тонер...шо сега е уствари 600 денари нов тонер.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #5 на: 17 Декември 2014, 18:12:12 pm »
HP MFP 1530
Препорака.
Одличен сега за сега, тонерот е околу 700 и нешто денари за 2500 копии од Аполо. Нормално заменски.
Не би ти препорачал понење бидејќи со првиот ставен тонер наполнет принтерот ке биде 50% упропастен.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #6 на: 17 Декември 2014, 18:20:15 pm »
Зависи кој го полнел. Мојот дома сам си го полнам аматерски и еве 5-6-7 години мака нема.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #7 на: 17 Декември 2014, 22:27:06 pm »
Што сакаш само барај network принтер! Има Canon принтери на кои пасоват HP тонери. Не се сеќавам во БАС кога работев баш зедов принтер Canon мрежен и пасоваше 1010...1018 HP тонер...шо сега е уствари 600 денари нов тонер.
На многу од Каноните пасува ХП тонер ;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #8 на: 17 Декември 2014, 22:55:03 pm »
Ја би ти препорачал да видиш моделче некое од мултифункционалните на Xerox,блиска фамилија го утепаа од работа у канцеларија мака си нема принтерот.

тоа и јас сакав да му препорачам... мултифункционален ксерокс имам во офис. 7 години, самотонер му мењаме т.е.рефилуваме постоечкото... а да и како што еднаш кажа сенчо канон: го избањавме еднаш од внатре... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #9 на: 18 Декември 2014, 00:36:53 am »
НР - било кој што ти влага у буџет.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #10 на: 26 Декември 2014, 12:03:02 pm »
Изборот падна на HP LaserJet Pro 400 MFP M425dn
- Има компатибилен XL тонер од 1400 денари со кој што се печатат до 6900 страни.
- Спецификации за принтерот на следниот линк
http://store.hp.com/webapp/wcs/stores/servlet/us/en/pdp/printers/hp-laserjet-pro-400-mfp-m425dn-cf286a-bgj?jumpid=re_r11662_redirect_ETR&ts=20141226105904_Pwr6Qhrt5Dfw&HP-LaserJet-Pro-400-MFP-M425dn
Фала ви на сите за предлозите.
Поздрав.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #11 на: 26 Декември 2014, 13:51:10 pm »
Што цена го зема? Ме прашуваа слично прашање едни пријатели.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #12 на: 26 Декември 2014, 15:35:15 pm »
Цената му беше 24 600 ден, го земав со попуст за 23 100 ден од Анхоч.
Ако не печатат многу во месецот, има и поефтини модели по цена од околу 200 евра или помалку.
Овој е деклариран за до 50 000 страни во месецот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #13 на: 26 Декември 2014, 19:52:11 pm »
Покрај HP со нивните карактеристики, не гледам една причина зошто било што друго освен HP.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Препораки за канцелариски принтер
« Одговори #14 на: 27 Декември 2014, 07:34:33 am »
Одличен избор, го имам во една фирма на 2 критични места каде се печати доста материјал на месечно ниво, до сега - 6 месеци, беспрекорно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.