Светскиот Совет на ФИА за Мотоспорт го ратификува ревидираниот календар за 2016 Ф1 сезоната, во кој има голем број на промени од оригиналната верзија, која беше објавена во Јули.
Вкупно осум трки има нови датуми, Австралија, Кина, Бахреин, Британија, Азербејџан, Унгарија, Малезија и Мексико. Почетокот на сезоната, т.е. Австралиското Гран При е преместено за 20-ти Март, а организаторите на трката официјално ја потврдија веста на нивната веб страна.
Ова создава нови логистички главоболка за тимовите, кои сега мора да ги променат нивните развојни планови, конструкцијата на болидите, crash тестовите и.т.н.
Формула 1 календар за 2016 гопдина
20 Март Австралија
03 Април Бахреин
17 Април Кина
01 Мај Русија
15 Мај Шпанија
29 Мај Монако
12 Јуни Канада
19 Јуни Азербеџан
03 Јули Австрија
10 Јули Британија
24 Јули Унгарија
31 Јули Германија (Хокенхајм)
28 Август Белгија
04 Септември Италија
18 Септември Сингапур
02 Октомври Малезија
09 Октомври Јапонија
23 Октомври САД
06 Ноември Мексико
13 Ноември Бразил
27 Ноември Абу Даби
За 2016 година, сите болиди мора да имаат посебна и единствена издувна цевка (ауспух) низ која мора да поминуваат сите издувни гасови. Оваа мерка е преземена за да се зголеми бучавата од болидите, без влијание на моќноста на ПЕ или емисијата на штетни гасови.