Не е еднострано, едноставно е. Ако сакаш да бидеш дел од тим со шампионски амбиции, треба да бидеш во шампионска форма.
Мекларен останаа со Мерцедес затоа што сеуште добиваа конкурентен мотор, не поради благодарност.
Веднаш кога почувствуваа дека не го добиваат најдоброто, дека пакетот што им го испорачува Мерцедес не им дозволува да бидат конкурентни, решија да бараат нов мотор. Да продолжеше Рено да прави шампионски мотор, немаше Редбул да бара решение во Ауди или некој сосема трет.
Во 1993-та, Мекларен тестирале V12 мотор, како замена за Фордовиот. Следната година се префрлиле на Пежо, не го бивало ни тој па на крај го нашле тоа што го бараат во моторот на Мерцедес.
Како очекувате тим кој има пари да плати за најдобриот мотор, да се задоволи со најлошиот?