Некаде сретнав на интернет, сеа ме мрзи да барам, споредба на 10ина круга у едно темпо извозени помеѓу Кими и Хамилтон и времињата им беа тука некаде плус/минус 3 стотиники, имаше неколку кругови каде што Кими е и побрз. Не знам колку Мерцедес возат на тренинзиве со полна снага, обично на третиот тренинг и на квалификациите ја покажуваат целосната своја моќ, ама ме радува фактот што на Кими му е погоден болидот и Ферари почнува да се двои од групата на тимови конкуренти за подиум.
Сепак, ова е само тренинг, а на трката ќе видиме кој, што и до каде е. Не знам каква е прогнозата за викендов во Малезија, ама многу често таму знае да врне, а мислам дека годинашниве болиди ги немаат воопшто возено на дожд, па може да има циркус.
Пошто ќе се мења саатот во сабота према недела, трката ќе биде од 8 или од 9?