Како алтернатива на стандардот кој се шири по улиците, би одел на ваква верзија. Волво S80 со пет цилиндарски дизел мотор од 2400 кубици и зависно од расположливата цена околу 175 до 205кс. И по можност погон на 4 тркала. Опрема Егзекјутив со поприлично додатоци, би требало да дојде рамно 50.000 евра.
Со оваа кола би можел да поминам исто 10 години под услов да се бира нешто малку поразлично од оној стандард кој го возат дел познавачи, а поголем дел татини мази.
А понатаму, ако случајно се одлучи да се оди малку на поголем број излети и фото локации, завосно од договорот може и пожелно е да се инвестира во Дефендер. Со Апсолутно целосна можна опрема и со посебни гуми за оф-роуд и посебни за секојдневно градско-автопатно возење. Целосен кит за офроуд возење, и целосен луксузен кит внатре. Тотално средување на дизел моторот од усисни системи, турбина и издувни системи, да се крене што е можно погоре, за да може да се ужива и во автопатно возење, со брзини 120-140кмч. Би требало да дојде под 50.000 евра.
Целосен пакет за уживање на целото цемејство, и за уживање на возачот на секакви терени!