Планирам да идам за Банско периодов, се мислам преку кој граничен премин да идам. Во ноември бевме преку Крива Паланка,и тогаш 5 месеци имаше бебето, на спуштање од граница се искина од плачење најверојатно поради разликата во висина.Затоа на мислам сум дали преку Делчево или Струмица да идам, не ми менува многу времето за патување, и така пола саат највеќе е разликата, повеќе ми е за висинската разлика и квалитетот на патот. После Куманово е крш,дрнкање до граница. Какво е вашето искуство, што препорачувате?