Околу патот, Куманово - Паланка - Деве Баир е најкрш пат во Македонија. Ако ти е битно по каков пат ќе возиш тогаш избери си друга варијанта.
Тоа каде повеќе се чекало, на Делчево или Паланка, е релативна работа која зависи од повеќе фактори. Некогаш многу брзо ќе поминеш на Делчево а некогаш ќе заглавиш, исто и за Деве Баир.
Разликата во надморската височина од село Жидилово, кое е на 6-7км пред преминот Деве Баир и самиот премин Деве Баир е 400 метри а се поминува за 5-6 минути, слично и од бугарска страна. За кратко време се поминува поголема висинска разлика што кај малите деца претставува проблем.Затоа и плачело детето.