Автор Тема: Kineskite vozila stanuvaat realnost  (Прочитано 37870 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #135 на: 27 Септември 2013, 17:53:16 pm »
Чери А3
За едно 10тина години ко ќе кошта колку југо, би се нафатил за еден проект...
Замисла за мала конструкција од профилни цефки напред во предницата, зад праговите, во конструкцијата на задните кошови. За делови никогаш не се плашам... со сите делови може да се импровизира, да се најдат слични, да се изменат, репарираат...

Чери а3 е неодолив спрема другиве кинези... таман по мера за европејци... далеку посимпатичен од i30 и од ceed (мој став, не скокајте одма). А и меѓудругото: ќЕ СЕ ПОФАЛИШ НЕГДЕ ДЕКА ВОЗИШ А-ТРОЈКА
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #136 на: 05 Декември 2013, 14:36:20 pm »
Наше искуство со Great Wall Steed:
не знам дали следите ама по реклами се декларира како копија на Toyota Hilux Mk6 (претходната генерација), наводно иста платформа. Имавме (не)среќа го добивме на компензација и шо да ви кажвам. Пред да го земат, идејата беше ајде бе барем од Лада Нива ќе е покомфорен, дури и ставија Дунлоп ГрандТрек гуми.
Ама ...
Ако некој се мисли да зема, пошто нели се доста ефтини, само еден совет: НЕМОЈТЕ!
Прво, приказните за копија на Hilux Mk6 се бабини деветини. Имам многу искуство со сите типови на 4х4 пикапи кај нас, вклучувајќи ја и таа генерација на Hilux и нема врска.
Вожњата е еталон за некомфорност, дури можам да тврдам дека Нивата е покомфорна, ова Кинезите не слушнале за суспензија/амортизација, секоја дупка по еден камен во бубрегот крши (и то поголем).
Над 100км/ч возењето е мазохизам, амортизација никаква, моторот е интертен. Зато ако некој бара 4х4 пикап, поарно земете половен некој ама марка отколку ова...
А во врска со општата дискусија: мислам дека Кинезиве (колите, не пикапов) реално се многу скапи. За исти се зема кола од проверена марка, па макар и нека има помалце опрема.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #137 на: 05 Декември 2013, 15:11:27 pm »
Благодариме за рецензијата. Ќе спасиш некој од лоша инвестиција.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #138 на: 05 Декември 2013, 16:01:05 pm »
Наше искуство со Great Wall Steed:
не знам дали следите ама по реклами се декларира како копија на Toyota Hilux Mk6 (претходната генерација), наводно иста платформа. Имавме (не)среќа го добивме на компензација и шо да ви кажвам. Пред да го земат, идејата беше ајде бе барем од Лада Нива ќе е покомфорен, дури и ставија Дунлоп ГрандТрек гуми.
Ама ...
Ако некој се мисли да зема, пошто нели се доста ефтини, само еден совет: НЕМОЈТЕ!
Прво, приказните за копија на Hilux Mk6 се бабини деветини. Имам многу искуство со сите типови на 4х4 пикапи кај нас, вклучувајќи ја и таа генерација на Hilux и нема врска.
Вожњата е еталон за некомфорност, дури можам да тврдам дека Нивата е покомфорна, ова Кинезите не слушнале за суспензија/амортизација, секоја дупка по еден камен во бубрегот крши (и то поголем).
Над 100км/ч возењето е мазохизам, амортизација никаква, моторот е интертен. Зато ако некој бара 4х4 пикап, поарно земете половен некој ама марка отколку ова...
А во врска со општата дискусија: мислам дека Кинезиве (колите, не пикапов) реално се многу скапи. За исти се зема кола од проверена марка, па макар и нека има помалце опрема.

Нивата е меѓу најконфорните возила на пазарот. Само има лоши седишта, инаку вожњата за по дупки е одлична.

Убаво ривју, браво. Ако имаш искуство и со други возила сподели ги твоите искуства.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #139 на: 05 Декември 2013, 16:15:30 pm »
Имам видено неколку од овие кинезите Грејт Волој  :D тди,шо мотор им е дизелот?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #140 на: 05 Декември 2013, 16:45:45 pm »
Добро е што ни отвори очи tdejan...

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6409.msg332578.html#msg332578

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #141 на: 05 Декември 2013, 17:48:03 pm »
Јас го возев пикапот лани кога беше избор за автомобил на годината, и беше едно од ретките нови возила кое ми предизвикувало чувство на страв.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #142 на: 05 Декември 2013, 17:59:06 pm »
кажи што те исплаши толку? :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #143 на: 05 Декември 2013, 18:53:41 pm »
Никаков, скоро непостоечки фидбек од волан, мењач со краеви во две различни временски зони, и најважното - екстремно нестабилен заден дел склон кон пролизгување.

Цело време се осеќав како да немам никаква контрола врз колата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #144 на: 05 Декември 2013, 18:57:34 pm »
За низ РЕК би бил одличен. :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #145 на: 06 Декември 2013, 09:04:36 am »
Не бе чоек и за по РЕКо не го бива. На изглед признавам дека е лична, дури и реално од 4х4 пикапите можи да се реши дека  има еден од најскладните дизајни (гле чуда од Кинези :), и навистина дава впечаток на солидност. zeroSignal супер ме надополнал, за да се усогласиш со мењачот треба една недела курс, навистина е непрецизен, воланот е навистина вештачки (ама ајде пикапите се тешки возила па зато такви волани ги прават). Во врска со пролизгувањето на задницата, мора постојано да се вози во 4х4, иначе ...
Како да речам, ако на некој му е за кршење кола шо ќе има голем багажник нека земи.
Единствено морам да дадам позитивна критика за перформансите на терен, онака стандард, качва не ни напрај нигде проблем. Само дури да стигниш до крос-кантри делот поштено треба да се иструцкаш.




Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #146 на: 06 Декември 2013, 09:07:12 am »
Според ова шо го кажваш измислено е за низ Рек. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #147 на: 06 Декември 2013, 09:19:11 am »
Не сум возел многу вакви возила - Amarok и Navara, ама и едното и другото биле многу стабилни, предвидливи не ми праеле да се чувствувам небезбеден.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #148 на: 09 Декември 2013, 01:46:51 am »
bog na plastikata -kina.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #149 на: 10 Јануари 2014, 14:19:51 pm »
Договорот постигнат меѓу кинескиот производител на автомобили Chery и израелската компанија Quantum LLC условува создавање на нова марка автомобили која ќе го носи името Qoros.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Целта на создавањето на новата марка е кинескиот производител да може полесно да влезе на пазарот во Европа и да почне нова етапа од својот бизнис во која покрај пордажбата стои и производство на автомобили на Стариот континент.

Градењето на фабрика во Европа е извесно бидејќи партнерите планираат инвестиција од 1,5 милијарди евра во која покрај градењето на погони влегува и раширување на обемна дилерска и сервисна мрежа.

Моделите кои ќе се продаваат под марката Qoros ќе бидат означени како CF1X, CF11, CF14 и CF16. Сеуште нема информација за типот на возилата, но според имињата се претпоставува дека CF1X ќе биде кросовер со погон на четири тркала.

Понатаму, CF11 ќе биде мал автомобил, CF14 компакт и CF16 поголем седан. Колкав ќе биде капацитетот на фабриката во Европа сеуште не се знае, но планот е да се произведуваат повеќе возила отоколку во фабриката на Chery во Кина.

Таму годишното производство е 300.000 примероци, од кои половина одат за извоз, а половина се продаваат на кинескиот пазар. Во која европска држава ќе биде поставена фабриката на марката Qoros и кога ќе почне нејзината градба и кога ќе стартува производсвото сеуште не се знае.

Исто така нема информација кога за првпат ќе бидат претставени најавените модели, барем како концепт.




http://www.vozi.com.mk/vesti/chery-so-nova-marka-vo-evropa.html

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

http://www.carclub.mk/2014/01/10/kineskiot-qoros-3-e-najbezbedno-vozilo-za-2013-ta-godina/

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need