Автор Тема: Kineskite vozila stanuvaat realnost  (Прочитано 37852 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Kineskite vozila stanuvaat realnost
« на: 17 Септември 2011, 12:41:08 pm »
Партнерството меѓу кинескиот производител на автомобили Great Wall Motors – GWM и на бугарската компанијата Литекс Моторс конечно вроди плод која има свој лик и најважно своја цена.



Имено стартува продажбата на првите кинески автомобили произведени во Бугарија во фабриката на Литекс Моторс во Ловеч. Тоа ќе се случи кон средината на месец октомври.

Планот на GWM и на Литекс Моторс е во исто време да бидат отворени дванаесет продажно сервисни центри низ Бугарија и со тоа официјално да стартува продажбата на кинеските автомобили на тамошниот пазар.

Потоа следи освојување и на останатите пазари во Европа вклучувајќи ја и ЕУ бидејќи автомобилите ги задоволуваат сите европски норми кои важат за нови автомобили.

Иако продажбата стартува за еден месец од сега Литекс Моторс ги објавува цените и нуди можност купувачите однапред да ги нарачаат. Во понуда се три модели, градскиот Voleex C10, пикапот Steed 5 и SUV Hoover H5.



Great Wall Voleex C10 е долг 3.810 mm, широк е 1.705 mm, висок е 1.540 mm со меѓуоскино растојание од 2.460 mm. Моторот е бензинец од 1.5 литри со 97 КС и 138 Nm, го забрзува до 100 km/h за 11,1 секунди, вози со максимални 175 km/h и во просек троши 7,3 l/100 km. Цената стартува од 8.200 евра.



Great Wall Steed 5 е долг 5.040 mm, широк е 1.800 mm, висок е 1.730 mm со меѓуоскино растојание од 3.050 mm. Моторот е бензинец од 2.4 литри со 136 КС и 200 Nm, го забрзува до 100 km/h за 12,9 секунди, вози со максимални 160 km/h и во просек троши 10,6 l/100 km. Цената стартува од 12.500 евра.
Пикапот се нуди и со погон на задни тркала и со погон на четири тркала, а во понудата е и трубо дизел од 2.0 литри со 150 КС и 310 Nm, го забрзува до 100 km/h за 12,4 секунди, вози со максимални 160 km/h и во просек троши 8,4 l/100 km.



Најскап е моделот Hoover H5 кој во должина мери 4.649 mm, широк е 1.810 mm, висок е 1.745 mm со меѓуоскино растојание од 2.700 mm. Моторот е бензинец од 2.4 литри со 136 КС и 200 Nm, го забрзува до 100 km/h за 12,3 секунди, вози со максимални 171 km/h и во просек троши 10,3 l/100 km. Цената стартува од 14.700 евра.

Сите модели се нудат со гаранција од 5 години, или 100.000 километри и богата сериска опрема. Плановите на GWM и на Литекс Моторс се големи. Годишно ќе се произведуваат 50.000 возила, ќе работат 2.000 работници, а во 2016 стартува освојување на западноевропските пазари со поширока палета на модели.



http://www.vozi.com.mk/vesti/kinezite-od-bugarija-imaat-cena.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #1 на: 17 Септември 2011, 12:41:29 pm »
Obrnete vnimanie na crveniot tekst.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #2 на: 17 Септември 2011, 12:47:08 pm »
Одлично! Најдов и нешто за фамилијата на среќниот купувач!


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #3 на: 17 Септември 2011, 12:47:37 pm »
;D

Go ocekuvav bas ovoj odgovor od tebe.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #4 на: 17 Септември 2011, 12:55:37 pm »
Abe nie moze da si se smeeme i zaebavame do mile volje............Ama isto kako so im se smeeja na japoncite i korejcite na nivnite pocetoci,pa na kraj sega da stojat ramo do ramo so niv.............Moja pretpostavka e deka mnogu brgu ke napreduvaat,od prosta pricina sto gi imaaat site pari na svetot.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #5 на: 17 Септември 2011, 12:57:15 pm »
Drazen Petrovic:







Tose:


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #6 на: 17 Септември 2011, 13:02:32 pm »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #7 на: 17 Септември 2011, 13:34:32 pm »
Wow... Кинески автомобили, произведени во Бугарија...

Ситуација во продажен салон кај што ја има горенаведената комбинација:
„Добар ден! Извесен период сакам да се самоубијам, ама стварно не ми иде... Отровот го повратив, ножот не потфати таму кај што требаше, јажето се скина, а пиштолот се закочи... Скокнав и од зграда, ама копилиња комшииве, туриле чаршафи на сушење, па ми го успорија падот...
Затоа дојдов кај вас за конечно решение на мојот проблем!“
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #8 на: 17 Септември 2011, 14:18:37 pm »
Од некаде мора да се почне, така да не е лошо ко за почеток. Само си тие цени...тешко богами. Патем тие камионите без дизел мотор и бадијала да ти ги дадат не се исплати да ги возиш. Ќе си го ставам на трупче и ќе си го пресечам ако камионот тежок 2 тона со 2.4 литарски атмосферски бензинец успее да извади просек од 10 литри/100км.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #9 на: 17 Септември 2011, 15:26:56 pm »
Tocno, sega pocnuvaat, a veke za 5 godini ke gi ispolnuvaat evropskite normi. A sto ke bide za 20 godini, mozebi noviot Hyundai, kojznae.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #10 на: 17 Септември 2011, 15:42:39 pm »
Кина + Бугарија = посета кај дедо боже !

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #11 на: 17 Септември 2011, 15:53:03 pm »
Кина + Бугарија = посета кај дедо боже !
Дополнителна опрема:

1. Пластични рачки за отворање прозор.
2. Пластичен волан.
3. Пластични патосници.
4. Пластични пластики.
5. Пластичен менувач.
6. Платични раткапни.
7. Рачна сопирачка обложена со перфорирана пластика.
8. Една пластична брегаста во главата.
9. Пластичен експлозив под седиште.
10. Пластичен ковчег.
11. Пластични мермерни плочи.
12. Пластичен надгробен споменик по избор на најблиските.
13. Пластична сајла за влечење на возилото и спуштање на ковчегот.
14. Парцела.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #12 на: 17 Септември 2011, 15:55:06 pm »
Se zezna Deni, imaat poveke oprema od Golf ;D Sakas link?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #13 на: 17 Септември 2011, 15:59:54 pm »
Se zezna Deni, imaat poveke oprema od Golf ;D Sakas link?
Немора линк, очигледно е дека одат со повеќе опрема од европските конкуренти. Со Меганот не нудат ни сајла во дополнителна опрема, а камо ли цела церемонија.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Kineskite vozila stanuvaat realnost
« Одговори #14 на: 17 Септември 2011, 16:05:26 pm »
Кина + Бугарија = посета кај дедо боже !
Дополнителна опрема:

1. Пластични рачки за отворање прозор.
2. Пластичен волан.
3. Пластични патосници.
4. Пластични пластики.
5. Пластичен менувач.
6. Платични раткапни.
7. Рачна сопирачка обложена со перфорирана пластика.
8. Една пластична брегаста во главата.
9. Пластичен експлозив под седиште.
10. Пластичен ковчег.
11. Пластични мермерни плочи.
12. Пластичен надгробен споменик по избор на најблиските.
13. Пластична сајла за влечење на возилото и спуштање на ковчегот.
14. Парцела.
Пластичен крст , воздушни тупаници да не се мачиш , вака да ти ги скрати маките .