Не ме интересират без плус јаболко! Ес седумка ивица или ајтФон шес плус, то е дилемата. Тргвам на пат кун Охрид. Ко ќе се вратам требит едното да го одберам и една-две години да живеам со изборот...
Рано е да се збори за real-life споредби, сепак е кратко време на пазарот S7 Edge. Имав прилика да бидам на претставувањето на S7 Edge во Барселона, што беше пред само еден месец, меѓутоа тоа што беше симптоматично, што обично не е случај, е дека речиси целата демонстрација беше контролирана од демонстратори, и исклучиво можеше да се "допре" со покана, заради како што беше нагласено, се уште неиспеглан софтвер во некои делови.
Тоа беше пред само 1 месец. Како успеале да го испеглаат се гледа од некои од ривјуата.
https://youtu.be/10UBsSo6O4IИнаку, тоа е и најголемата мана на Самсунг - едноставно софтверски многу заостануваат, иако прават доста солиден хардвер.
Не би му дал предност ни на едниот ни на другиот нешто посебно во екран, батерија и изглед (вкусови се во прашање).
Блага предност во подолга вредност на ајфонот, дефинитивна предност во тоа дека и после 1 година ќе работи мазно како и сега. Дефинитивна предност и при "не дај боже сервиси" кои се значително поевтини кај ајфон.
Предност на Самсунгот кај камера. Поголема можност за кастомизации без рут или џб. Најдобар андроид, ако си навикнат на андроид. Бежично полнење е ок, ама побитно побрзо се полни.