Автор Тема: Opel Corsa C 1.8i GSI  (Прочитано 4908 пати)

Отсутен vmartin

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Opel Corsa C 1.8i GSI
« на: 30 Ноември 2014, 20:54:46 pm »
Здраво, се викам Мартин и сум од Велес, возам Opel Corsa 1.8i GSI, тука сум по препорака на Sase_91 па се надевам ќе има дружење.

 Малце подетални информации за возилото сега. Opel Corsa C 1.8i GSI 125кс и 980г(по сообраќајна) произведена и купена во 2004 година, моментално има 260.000км. Колата ја купив од прв газда и е возена во Велес од нејзиното купување.  Колата ја купив нерегистрирана, но заради издувните гасови неможев да ја регистрирам па првиот газда ми стави и нов катализатор така да сега сум ептен еколошки освестен.

Малце субјективно околу колата, истата е супер брза, барем за мене како прва моја кола. Моторот е одличен и влече од сите обртаи. Преносните односи и се доста кратки така да колата цело време е на повисоки обртаи, а мењачот е доста тврд и прецизен. Последниот лонец и е некој афтермаркет ставен така да е малце побучна внатре но има доста спортски звук но наијискрено знае да замара на моменти заради гласноста. Држењето во кривини и е одлично, воланот е супер нема ниакква луфта сега за сега, единствено би можел како забелешка дакажам дека воланот не се стврднува на големи брзини онолку колку што би очекувал од вака сетирана кола. Подвозјето е тврдо и гласно :) но знаев тоа кога ја купував. Моментално вози 205/45R16 Hankuk Ventus V12 гуми.  Потрошувачката и е 10-12л низ град и 8+ на отворено така да доста веројатно е дека ќе оди плин. Сеуште не сум одлучил каде но верувам дека ќе се исплати за брзо.

На колата има неколку работи за средување но генерално се наоѓа во добра состојба. Сега работите што треба да ги средувам, напред има некое тропкање, веројатно ќе треба да се смени некое рамо, стабилизатор или што и е да е таму, барем како што ми кажа Саше, после имам проблем ракетата за жмигавци, темпомат и долго светло е расипа на така да треба поубедливо да се мавне, знам дека ја има по отпади но проблем е зошто е со Темпомат на неа, а тие знам дека се доста ретки. Ако не успеам да најдам таква ќе оди нормална без темпомат. Во внатрешноста имам неколку работи кој што ми маваат очи и ќе морам да ги решам, сивата пластика околу централните издуви од климата е испукана и ќе треба да се исфарба, и гумените копчиња за свирка се скинати ќе треба да ги променам. Кожата на воланот и мењачот како последица на километрите е доста излижана па и нив планирам да ги пратам на средување со нова кожа, како што личи :) После и на ЦД плеерот треба да му се исчисти оптиката, прави некој зафрканции додека свири. Исто така свети и Чек Енџин заради ламбда сондите. При кочење занесува малце надесно со воланот но откако ќе ја средам предницата и ќе ја исцентрирам ќе видам како ќе биде. Вака се на се, кога ги напишав и самиот увидов дека имам доста работи за средување но со тек на време ќе биде се.

А да, и на хаубата има Карбон фолија ставена од првиот сопственик заради големиот број на дупчиња предизвикани од камчиња од камиони. Сакам и таа да ја извадам но тоа ми е последно на листата, предницата и плинот се приоритети.

Еве некоја слика набрзинка, потоа ќе следуваат уште.







Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #1 на: 30 Ноември 2014, 21:00:39 pm »
Со здравје да се вози. Добро количе :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #2 на: 30 Ноември 2014, 21:44:46 pm »
Редок примерок, баш би сакал да ја повозам! Малку ми се чудни бандажите, ама иначе изгледа прилично добро!

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #3 на: 30 Ноември 2014, 21:47:21 pm »
Супер количе. Него овој дел неможам да го сватам : Колата ја купив нерегистрирана, но заради издувните гасови неможев да ја регистрирам па првиот газда ми стави и нов катализатор така да сега сум ептен еколошки освестен.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #4 на: 30 Ноември 2014, 22:37:34 pm »
Мене ми изгледа на плесната од напред. Да не се лажеме.

Убаво аутце, поздрав па се гледаме на собир.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #5 на: 30 Ноември 2014, 22:58:59 pm »
Така изгледаат сите Опели, само ти сега си приметил. ;D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #6 на: 30 Ноември 2014, 23:59:23 pm »
Мене ми изгледа на плесната од напред. Да не се лажеме.

Убаво аутце, поздрав па се гледаме на собир.

Како го доби овај заклучок лебати?

П.С Добредојде друже, со здравје да се вози машинчево :)
New blood of old school

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #7 на: 01 Декември 2014, 01:02:55 am »
Не сум знаел дека овие со 1.8 мотор ги воделе како ГСИ :) Фино ауто , со здравје да се вози , на твое место да сум би ги заменил ретровизорите со фабрички и бандажите со некои помали опелови.
« Последно менување: 01 Декември 2014, 13:01:43 pm Boki 9n »
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #8 на: 01 Декември 2014, 01:06:24 am »
Ајде јас да одговорам место Мартин оти веројатно повеќе знам за колата од него :) Првиот газда беше љубител на брзо возње и ГСИ во е возено како што е предвидено да се вози од фабрика. Катализаторот на колата беше изваден заради по проточен издув заедно со задниот лонец кој е афтермаркет, заради тоа и колата неможеше сега да помине технички поради мерењето на издувните гасови(не ни пробаа), па предходниот газда за да испадне фер си купи катализатор(180евра) и го монтираа на колава. Од 2013 крајот па наваму колата стои во хала на предхдниот сопственик кој заради принова во фамилијата си зема Суперб, така да Корсичево остана таму 1 година скоро, колата не ни беше на продажба туку уз пријателски муабет дека бараат кола за Мартин му беше понудено ова. Сите работи кој Мартин ги наброја за правење му ги сугерирав јас и ќе се средат, сепак е кола стара 10 години. Јас ја возев колата и пред него и освен што е бучна друга замерка немам.
До Џонтра, колава никогаш не е асолно мавната, може да е стругнат браникот при паркинзи, некаде закачена ово оно но здраво удирање немала никогаш.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #9 на: 01 Декември 2014, 01:13:50 am »
Дај боже да не е мавната. Само капакот на airbag-от на воланот драстично двои од се останато. Нешто не сум убеден дека не е удрена. Али вие си знаете :)
Шо би рекле: i hate to burst your bubble but.....

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #10 на: 01 Декември 2014, 01:23:49 am »
искрено очекував да видам дека е 1.2
али убаво моторче има,со здравје да си ја возиш,тури си плин и извади го катализаторот овој мотор сака да дише

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #11 на: 01 Декември 2014, 01:26:22 am »
Доста интересно и доста ретко количе за нашиве простори.

Јас би го извадил карбонот и би ги офарбал бандажите целосно во сребрена боја.

Со здравје да си го возиш и мерак да си правиш ;)

Отсутен vmartin

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #12 на: 01 Декември 2014, 18:28:26 pm »
Се ќе се среди , само не наеднаш

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #13 на: 01 Декември 2014, 19:20:09 pm »
Јас возам ваква 1.2 со 75 коња оваа е скоро дупло па можам да замислам како иде :D

извади го она гси од позади и стави 1.0 евентуално 1.2. и некој обичен бандаж да внесе малку конфузија. Нема ништо поинтересно да гледаш дизелаш како се нервира што го јаде од 1.2 :D

Отсутен vmartin

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Opel Corsa C 1.8i GSI
« Одговори #14 на: 01 Декември 2014, 22:33:53 pm »
Да напоменам дека гумите се нови и бандашите ке останат непромените бидејќи во живо екстра изгледа колата со овие бандаши , ретровизерите се оригинал не се сменети