Здраво, се викам Мартин и сум од Велес, возам Opel Corsa 1.8i GSI, тука сум по препорака на Sase_91 па се надевам ќе има дружење.
Малце подетални информации за возилото сега. Opel Corsa C 1.8i GSI 125кс и 980г(по сообраќајна) произведена и купена во 2004 година, моментално има 260.000км. Колата ја купив од прв газда и е возена во Велес од нејзиното купување. Колата ја купив нерегистрирана, но заради издувните гасови неможев да ја регистрирам па првиот газда ми стави и нов катализатор така да сега сум ептен еколошки освестен.
Малце субјективно околу колата, истата е супер брза, барем за мене како прва моја кола. Моторот е одличен и влече од сите обртаи. Преносните односи и се доста кратки така да колата цело време е на повисоки обртаи, а мењачот е доста тврд и прецизен. Последниот лонец и е некој афтермаркет ставен така да е малце побучна внатре но има доста спортски звук но наијискрено знае да замара на моменти заради гласноста. Држењето во кривини и е одлично, воланот е супер нема ниакква луфта сега за сега, единствено би можел како забелешка дакажам дека воланот не се стврднува на големи брзини онолку колку што би очекувал од вака сетирана кола. Подвозјето е тврдо и гласно
но знаев тоа кога ја купував. Моментално вози 205/45R16 Hankuk Ventus V12 гуми. Потрошувачката и е 10-12л низ град и 8+ на отворено така да доста веројатно е дека ќе оди плин. Сеуште не сум одлучил каде но верувам дека ќе се исплати за брзо.
На колата има неколку работи за средување но генерално се наоѓа во добра состојба. Сега работите што треба да ги средувам, напред има некое тропкање, веројатно ќе треба да се смени некое рамо, стабилизатор или што и е да е таму, барем како што ми кажа Саше, после имам проблем ракетата за жмигавци, темпомат и долго светло е расипа на така да треба поубедливо да се мавне, знам дека ја има по отпади но проблем е зошто е со Темпомат на неа, а тие знам дека се доста ретки. Ако не успеам да најдам таква ќе оди нормална без темпомат. Во внатрешноста имам неколку работи кој што ми маваат очи и ќе морам да ги решам, сивата пластика околу централните издуви од климата е испукана и ќе треба да се исфарба, и гумените копчиња за свирка се скинати ќе треба да ги променам. Кожата на воланот и мењачот како последица на километрите е доста излижана па и нив планирам да ги пратам на средување со нова кожа, како што личи
После и на ЦД плеерот треба да му се исчисти оптиката, прави некој зафрканции додека свири. Исто така свети и Чек Енџин заради ламбда сондите. При кочење занесува малце надесно со воланот но откако ќе ја средам предницата и ќе ја исцентрирам ќе видам како ќе биде. Вака се на се, кога ги напишав и самиот увидов дека имам доста работи за средување но со тек на време ќе биде се.
А да, и на хаубата има Карбон фолија ставена од првиот сопственик заради големиот број на дупчиња предизвикани од камчиња од камиони. Сакам и таа да ја извадам но тоа ми е последно на листата, предницата и плинот се приоритети.
Еве некоја слика набрзинка, потоа ќе следуваат уште.