Ај да ја преставам и другата кола во фамилијата. Се работи за Seat Ibiza 1.9 SDI произведена во 2002, ја имаме од септември 2013. Ја купивме од прв газда, не е увезувана и ја има целосната сервисна книшка од Кадис. Има поминато околу 120ккм (реални). Моторот има сила од 50kW (68hp).
Потрошњата се движи околу 6л градска, 4.5л отворено и 5л комбинирано.
Од опрема има:
-Светла за магла
- Централно заклучување
- Прилагодување на воланот по височина
- Електрика на прозори
- Алуминиумски бандажи
Од кога е кај нас ги имаме средено следните работи:
- Направен редовен сервис
- Купени 4 нови гуми 175/65/14
- Ја купивме со clarion радио и го заменивме со Pionner кое се совпаѓа со бојата на интериерот.
- Ставени 2x Sony звучници позади
- 2x Sportiva Snow Win 2 175/65/14 и 2x Sportiva Snow Win 175/70/14 со челични бандажи
Нови слики немам, еве некоја слика од кога ја купивме:


