Да ја претставам и мојата кола која ја имам од јуни месец, значи некои 4 месеци. Прво малку вовед, како што знаат дел од вас претходно имав Голф 5 (Фолксвагенистите може малку ќе се налутат
), ама од рационални причини ја продадов и ми требаше нешто малку поново, поекономично, поефтино за одржување, минимум услови за фамилијарно возило. Доста време размислував што возило да биде, во потесен круг влегоа Гранде, Поло, Корса но одлуката падна на Гранде од неколку причини: - колата мораше да биде дизел од причина што не сакав да губам од гепекот со резерната гума во случај да беше бензинец (кој сигурно би го ставил на плин), - моторот на Гранде 1,3 мјет со 75 кс и 5 брзини беше најидеален (1,4 тди на Полото не ме одушеви а од Корсата 1,3 цдти (или Гранде 1,3 мјет со 90 кс и 6 брзини) ме одврати проблематичниот менувач со 6 брзини, флексибилниот (пливајуќи) замаец и дпф како поскапи ставки за одржување.
Чекав од еден пријател да најде модел на Гранде каков што сакав во Швајцарија ама без успех едно 2 месеци. Тогаш случајно исконтактиравме со Принц тука на форумот, по препорака на Бузуки, кој се погоди дека има баш такво Гранде и сега конечно нешто за колата:
- Фиат Гранде Пунто 1,3 мјет со 75 кс и 5 брзини, 2008 година, купено тука во Македонија;
- Колата сега има 118.200 км, односно поминав скоро 6000 км за овие 4 месеци и сега за сега е без забелешки;
- Тешко беше навикнувањето од бензинец 1,6 на дизел(че) 1,3, а и уште ми смета по малку
;
- За класата е доста просторна и може да се каже дека во однос на пространоста, задна клупа и гепек не се разликува драстично од голфот (земен како единица мерка за споредба);
- Кога ја зедов имаше уште до сервисниот интервал ама имаше акција во овластениот на Фиат (Илија) за масло Шел и филтер, па се решив да ја освежам на почетокот на летото, а гледам и дека малиот сервис ќе ме чини едно 50% помалку од Голфот;
- Бев со семејството на одмор кај јужниот сосед, се изненадив се што успеав(ме) да се натовариме, а потрошувачката на бордот покажуваше 4,7 л. Во градски услови во Скопје се движи во интервал 7-8 л, што мислам дека е сосема ок;
Она што (по малку) ми смета:
- Карактеристично за секоја дизел кола со оваа или приближна кубикажа е спорото тргнување и слабата стартност;
- Основен пакет на опрема Активе (односно има само мануелна клима и АБС);
- Колата е на зимски гуми со челични бандажи со раткапни 175/15/65, малку специфична димензија (со Голфот бев навикнат на два сета и друго е чувството), планирам така да ја возам, малку сум во дилема дали да инвестирам пак да имам 2 посебни сета, ќе видиме, здравје.
- Предниот браник е малку напукнат на 2 места, ама не е страшно, не ми смета, поготово од како сум во Скопје
Мислам дека колата ќе врши работа овој некој меѓупериод за мене и ќе се дружиме до некоја следна подобра прилика
По некоја фотка: