Vele, од една страна кажуваш како не е проблем да се извозат катаљарда милиметри, а од друга страна ќе се шверцаш со клокотарецот...И згора на се ја ругаш институцијата кафана...
Предлагам да се направат две анкети на кои ќе бидат замолени да гласаат само оние кои имаат намера да додјдат, и тоа:
1) Анкета со 3 предлози за дестинација
2) Анкета со 3 предлози за датум
Еве од мене по еден предлог за собир: 1-ви Октомври(Сабота) Галички Пасишта
П.С. Немора да се оди во кафана, може културно скара да си распалиме. Ќе се договориме кој да носи месо, кој пиење, кој кифлици и благо и готово.
Јас реков дека во овој момент сум во малце неповолна финансиска ситуација, а не дека нема да одам. Еве хипотетички, ако идеме следниов викенд, или ќе се шверцам, пошто сум лабав на бензин, или ќе идам со другата кола, што е дизелаш. Ако се иде следеќи викенд, ќе идам со моја кола, пошто треба да ми се поправи ситуацијата. Очигледно дека не праам проблем за катаљардата километри...
А кафана не вреѓам, туку не глеам поента да идам да возам, и да се затворам после у кафана... Едноставно, не ми е тоа филмот. Башка, ко што спомна Казан, идење на вожња, па у кафана, во ниеден момент не влијае поволно врз било чива финансиска ситуација, пошто оде пара и за гориво за кола, и за „гориво“ за возач

Ми се свиѓа предлогот со Галички Пасишта (мада иронијата ме убија... gOJDO предложува Пасишта

), ама муабетот беше да се тежнее према средишниот дел на државава, за да можат да дојдат клабери од сегде.