Мотор: идеална комбинација од економичен и моќен мотор, кога сакаш да штедиш осеќаш дека штедиш, кога сакаш снага ја имаш, изобилство на вртежен момент во широко работно подрачје. Едноставност, прегледност и пристапност на моторот (не е толку битно сега, но понатака и те како). Инзворедно тих мотор до 2500врт/мин, инзворедно спортски звук над, проследен со карактеристично ФЦССС при промена на брзина (најбољи момент евр)

.
Управување: круто, цврсто (не најдобар детал комбиниран со 17-ки) со секогаш доволно информација од подлога.
Опрема: да не наведувам што се има ама моменти кои мене ми значат, палење магленки при вртење во кривина, автоматско заклучување на внатрешноста, отварање на гепекот како на тастер без потреба да го влечеш нагоре,, паркинг позиција на ретровизори, автоматски блокирање на вентилацијата при возење во рикверц за да се избегне влегување на издувни гасови во кабина, инзвонредна звучна изолација, автоматско отворање/затворање на прозори преку далечинско, блокирање на контрола за стакла позади, УСБ и АУХ аудио влез, контрола за напумпаност на гуми, хил холдер, лумбално подесување на седишта, џебови во седишта, фиоки под седишта, светло на штитниците за сонце, разладна фиока, едноставна контрола со команди на воланот на радиото и борд комјутерот, прегледен и доволно голем диплеј со персонализација на приказ, обртомер поставен на средина, комплетно спортско чувство од возачко седиште, паркинг сензори
Дизајн: целата кола

, бандажите ми се допаѓаат посебно, поставеноста на бришачите, поставеноста на кваките на задните врати (поздрав Алфа

), задните штопови, дуплиот издув.