Не наведе дали сакаш да купиш возило со бензински или дизел мотор.
Ако се одлучиш за дизел, веројатно Пасат би бил подобар избор затоа што тоа се веќе докажани мотори. Ако бензин е подобра опција за тебе, тогаш јас би одел на Мондео. Поевтино е од Пасатот, а има слични возни својства како него (кои се далеку подобри од BMW 3) и поробустно подвозје кое игра улога на нашиве улици.
За крај, кога станува збор за половен автомобил, немој да бркаш марки или посебни модели. Едноставно купи го она што е најмногу зачувано. И гледај ако можеш да ја спуштиш цената за 200-300 евра а со тие пари направи еден сервис пред да го ставиш автомобилот во секојдневна експлоатација.