http://www.honestjohn.co.uk/carbycar/ford/mondeo-iii-2000/?section=good
Иначе 2.0 ТДДИ 115 кс се многу проблематични мотори, тој избегнувај го.
зошто ?
Генерацијата на Мондео тдци пред фејслифтот 2005та користи инјектори на делфи, кои едноставно на 150-200к километри треба да се сменат или репарираат. Не знам дали репарираат во Македонија, ама во Бугарија за 100 евра по парче. И ако откаже една, најдобро е сите 4 да се репарираат, инаку и другите ќе откажат. Нови се од 200-400 евра, зависи како ќе ги најдеш.
Додека ТДДИ има проблематична бош пумпа. Ама, ако нема ѕверска километража, нема да се расипе туку така. Дома имам такво мондео, купено на 140к од прв газда, денес има околу 220к. Само редовно ујле (оригинално форд), никогаш не е возено на резерва, никогаш не е малтретирана, особено не и студена, нема никаков проблем. Цела Европа ја прошетав со неа, никаде не ме остави на па пат.
Последно, секоја убава кола е скапа. Евтина, а убава нема. Во Македонија не знам колкави километражи имаат увезените, и што им прават. Знам дека кога јас купував коли, за тие километражи во Германија/Холандија колите беа поскапи неголи во Македонија.