Интересен е обидов јас да излезам крив за тоа што некој дивее со 160 на Стража.
Уствари и претекнувањето требало да биде со 180-200 за да биде уште побезбедно и уште подобра слика да излезе.
Во принцип немам навика да полагам рачуни на никој за то како возам и колку возам, ама муабетов за “дивеење со 160“ ме тригерна малку. Извозевме вчера солидна километража, возено 15-20+ по знаци 99% од времето, како шо впрочем мислам и дека цел форум возит, барем по темата за измерена потрошувачка и муабетите во неа.
Конкретниот фрејм од видеото е фатен на празен пат, немаше коли барем 700-800 метри напред, широк пат е, благи кривини се и прегледно е. Од сите места шо ги поминавме вчера, мислам дека немаше ниту едно посоодветно место за да згазам на 5 секунди. И толку и беа, згазив, претицав, и пуштив веќе на наредната кривина. Како и да е, мене ми е мирна совеста, знам дека не загрозив никого и то ми е доволно.